сабота, 23 јуни 2007 г.

Бугарија ќе чести визи

В година македонските граѓани што ќе патуваат во соседна Бугарија ќе мора да имаат визи, а олеснителна околност ќе биде што ќе ги добиваат бесплатно. Визите ќе се издаваат во конзуларното одделение во бугарската амбасада во Скопје, а според најавите од бугарски дипломатски извори, и во конзулат во Битола, за чие отворање допрва треба да се донесе одлука.

- Идејата на бугарската влада е со бесплатните визи да го олесни патувањето на македонските граѓани во Бугарија, бидејќи воведувањето визи не може да се избегне - велат истите извори.

Од 1 јануари наредната година, со станувањето членка на ЕУ, Бугарија ќе мора да ги почитува директивите на Унијата и да воведе визи за граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ. Според предлогот на владата во Софија, македонските и граѓаните на Србија ќе добиваат бесплатни визи.

За некои категории граѓани, вклучувајќи ги студентите, дипломатите, културните работници, новинарите, визите ќе бидат за една година, со можност за повеќе влегувања во земјата, а за другите граѓани главно ќе се издаваат тримесечни визи, исто така повеќекратни.

Нашите извори велат дека не е исклучено да се издаваат визи и само за еден влез или за една недела, но тоа би било во исклучителни случаи.

Деталите од спогодбата за патување на граѓаните од двете земји ќе се разработуваат наредната недела во Скопје, на средбата меѓу делегации од двете земји на ниво на политички директори. Ова ќе биде втора рунда преговори, по што се очекува спогодбата да ја потпишат министрите за надворешни работи на двете земји.

Со спогодбата не се предвидува издавање бугарски визи на граничните премини, бидејќи ЕУ не го дозволува тоа.

- Тоа е еден од основните критериуми на ЕУ и го има и во македонските законски одредби - велат во македонското МНР.

Тоа значи дека ќе нема никакво олеснување за граѓаните од пограничните региони, па жителите на Крива Паланка, Делчево или на Струмица ќе мора да вадат визи во Скопје. За граѓаните од западниот дел на Македонија се планира отворање на бугарски конзулат во Битола, а тоа ќе се случи веројатно на почетокот на идната година. Дотогаш Бугарите ќе мора да се екипираат и да ги прошират сегашните служби. Нивните најави се дека, наместо досегашните четворица вработени, во конзуларното одделение во амбасадата во Скопје ќе дојдат најмалку уште толку, а подготвуваат и проширување на конзуларното одделение. Трошоците за визите ќе ги покрива владата во Софија.

Извор: Дневник

1 коментар:

Spartak рече...

#

Денес, во разговор со еден Бугарин од Струмица, разбрав дека имало лобирање во Софија за отварање на Бугарски конзулат во Струмица.

Бугарин, за да не дојде до недоразбирање, го сметам секој оној кој се декларира како Бугарин по националност.
(струмикс12 Септември, 2006 - 22:26 | избриши | одговори)
#

Мисля че ще се отворят две консулски служби.Утре ще проверя със сигурност.
(стани12 Септември, 2006 - 22:38 | избриши | одговори)
#

конечно еволуција..
Евро-Азиска унија..
(cakamtedadoides12 Септември, 2006 - 22:48 | избриши | одговори)
#

Се по-добре от коминистическо-музейна държава
(стани12 Септември, 2006 - 22:59 | избриши | одговори)
#

фашизмот ви е во крв..
а тоа комунизам..замисли се за червените..
(cakamtedadoides12 Септември, 2006 - 23:17 | избриши | одговори)
# Комунизъм и фашизъм са два близнака.Сталин или Хитлер е унищожил по-вече хора?Авторитаризъм, диктатура ,еднопартийност и култ към личността има и в едното и в другото.
(стани12 Септември, 2006 - 23:32 | избриши | одговори)