СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС®
WORLD MACEDONIAN CONGRESS®
7-8 август 1993 година
Скопје, Македонија
ТРГНУВАЈЌИ од историската вистина дека Македонија е света, благословена и библиска земја, лулка на христијанството, мајка на првославието и центар на светската писменост, и дека во Македонија е пронајдено најстарото писмо во човековата цивилизација старо 5.000 до 7.000 години пред Христос (неколку векови постаро од Месопотамиското - Сумерското), ТРГНУВАЈЌИ од историската вистина дека Македонија е една од најстарите организирани држави во Европа, основана од Кралот Каран во 814 година пред Христос, ЗНАЕЈЌИ дека Македонската држава е постара 38 години од Атина основана во 776 година пред Христос, а 61 година од Рим основан 753 година пред Христос, ИМАЈЌИ предвид дека првото обединување на Македонија е извршено од Кралот Пердика во VII век пред Христос, од што подоцна настанала Македонската Империја на Филип II Македонски и неговиот син Александар III Македонски, ЗНАЕЈЌИ дека Македонската држава ја наметна својата хегемонија над грчките полиси и Атињаните со победата во битката кај Херонеја на 2 август 338 година пред нашата ера, ЗНАЕЈЌИ дека грчките полиси (Атина...) никогаш не ги признаа Македонија за грчка, а Македонците за Грци, ИМАЈЌИ предвид дека Македонската држава за време на Филип II Македонски и Александар III Македонски доживеаја беспримерна слава овековечувајќи го Македонското име засекогаш и оставајќи зад себе силни траги што не можеле да ги збришат многувековните освојувачи после нив, ИМАЈЌИ предвид дека Македонската Империја од времето на Александар III Македонски, по неговата смрт, во 323 година пред Христос се разложила на 4 односно 3 моќни држави, при што Македонија останала да опстојува како посебна држава во своите тогашни државни граници, |
Тодор Петров, нај предлагачот на закони и законски амандмани за време на својот пратенички мандат. Како студент бил најпрогресивен во својата генерација. А како претседател на Светскиот Македонски Конгрес представува “совеста“ на секој Македонец. Браво Тодоре, само продолжи во истиот правец, и со иста (и поголема) жестина да делуваш. Са останатиот дел од текстот да го прочитате кликнете овде.
Нема коментари:
Објави коментар