сабота, 23 јуни 2007

Херојот Панко Брашнаров издивна на студентски раце на Голи Оток

Панко Брашнар "Светозар Чочоровски, сега починат, ми ја раскажа приказната како Панко Брашнаров на Голи Оток умрел на неговите раце. Сакам да ви го прераскажам неговото кажување, за да биде запишано, да види виделина и за него да чуе јавноста. Тоа е дел од нашата историска меморија", рече Поповски. Тој спомените од раскажувањето на Чочоровски, веднаш откако ги чул, во 1970 година ги запишал во својот дневник и така ги спасил од заборавот. Тој вели дека информацијата за подигнување споменик на Панко Брашнаров го вратила во далечната 1970 година, кога тој случајно се нашол во селото Вевчани, во Здравствениот дом кој го отворил Светозар Чочоровски, откако се вратил од Голи Оток. "Беше ноќ. Мракот го имаше покриено селото Вевчани. Ламбите се гаснеа. Светозар Чочоровски и јас седевме во неговата канцеларија во здравствената станица, која денес е Дом на народно здравје. Тој ми расправаше за првите чекори на здравствената станица. Во еден миг, не знам зошто, туку ми рече: 'А знаеш ли, Панко Брашнаров на Голи Оток умре на моите раце'. Мене љубопитството почна да ме грицка, ме заинтересира и го замолив да ми го раскаже случајот за смртта на Брашнаров", се сеќава новинарот и публицист Поповски. Светозар Чочоровски тогаш му кажал дека како студент на Медицинскиот факултет неправилно бил обвинет, затворен и протеран на Голи Оток. Таму имало и своевидна амбуланта која ја водел некој професор од Медицинскиот факултет во Загреб. Кога професорот разбрал дека Чочоровски е студент на медицина, веднаш го зел во амбулантата да му помага. Тој бил таму кога Брашнаров, заедно со други затвореници, пристигнал на Голи Оток. "Светозар се сети на ноќта кога бродот полн затвореници, меѓу кои и Панко Брашнаров, пристигнал на Голи Оток. Тогаш, како по обичај, нешто што не е познато ниту во логорите ниту во тортурите на полицијата, полицијата им наредила на сите затвореници да излезат од барките , да се постројат во два реда, во два кордона, за да поминат меѓу редовите новите затвореници. Меѓу затворениците имало и полицајци кои внимавале кој ќе вика, кој ќе плука на новите затвореници, кој ќе ги удира. Како што го паметеше Светозар, Панко Брашнаров бил стар човек, белокос, но одел со крената глава. Го плукале, го удирале, му течело крв од лицето, но тој не кренал рака да се избриште ниту од плуканиците ниту од крвта. Со крената глава ги издржал тортурите, стигнал до некоја барака каде што требало да се смести со затворениците и паднал во постела. Тој бил болен човек", рече Поповски, потсетувајќи дека Тито во еден од последните објавени разговори го спомнува Брашнаров и вели: "Ние дозволивме дури и Панко Брашнаров да отиде на Голи Оток и да ги истрпи тамошните тортури". Според раскажувањата на Светозар Чочоровски, на кои се сеќава Поповски, Брашнаров не бил зборлив човек, но се запознал со Чочоровски и овој му кажал дека е студент по медицина. Тогаш Брашнаров му рекол дека одбрал добра професија и му порачал кога ќе го заврши факултетот да не оди на друго место, туку во Македонија каде што народот, како што рекол, има недостиг од медицинска грижа и умира без медицинска помош. Чочоровски успеал да допре до Брашнаров, разговарале, се обиделе да го лекуваат, да му помогнат, но не можело ништо да се стори. Освен тоа, во амбулантата и немало медицински средства, тука била само големата желба да му се помогне. Чочоровски кажал дека Брашнаров не можел да го издржи затворот, не физички, бидејќи можел да издржи многу повеќе. Тој бил стар комунист, дури и не се оженил само за да не ја префрли својата љубов кон жената,туку целосно да ја чува за партијата. Го болела душата и не можел да ја издржи неправдата која му била направена со протерувањето на Голи Оток. "Еден ден Чочоровски седел покрај постелата на Брашнаров. Но не на стол. Такво нешто таму немало, туку седел на камен. Се обидел да разговара со него, но тој речиси и не можел да разговара. Зборувал со тивок, изнемоштен глас, и му рекол на Светозара: 'Никогаш не сум се надевал дека ќе доживееме ваква неправда, дека ќе го доживееме ова матно време во кое тие што дезертирале за време НОВ сега станале големи партијци и за да го оправдаат своето дезертерство од НОВ, сега, овде по логорите и затворите праќаат невини луѓе. Неправедно ги обвинуваат и ги клеветат. Но сето тоа треба да се издржи и македонскиот народ ќе го издржи', му рекол Брашнаров. Во еден миг, како што зборувал Панко, Чочоровски го држел за раце и сакал да го седне во постелата. Но Панко паднал, се свртел на другата страна и умрел", раскажува Поповски. Тогаш дошле двајца затвореници, го ставиле на некое дрвено тезгере и го однеле некаде. Професорот од Загреб и Чочоровски излегле пред амбулантата. Професорот му рекол: "Светозаре, испраќаме еден од првите листови на вашата македонска историја. Умре еден од првите творци на вашата модерна, современа историја, на вашата нова држава". Чочоровски не знаел каде е погребан Брашнаров. На Голи Оток затворениците копале некои дупки, но дали е фрлен во дупка или е фрлен во морето во челустите на ајкулите кои крстосувале тука, Чочоровски не знаел да каже. По некое време Чочоровски излегол од Голи Оток. Го ослободиле, непосредно пред неговото укинување. Се вратил во Македонија, го завршил Факултетот и го послушал советот на Брашнаров - отворил Здравствен дом во родното Вевчани.

Извор: Вест 

1 коментар:

Spartak рече...

# Старост, разочараност,маланхонија.
(Spartak19 Септември, 2006 - 23:40 | избриши | одговори)
#

Немам коментар. Грозно. Страшно. Понижувачки.
(струмикс19 Септември, 2006 - 23:44 | избриши | одговори)
#

Пола саат стојам на постов.
Е Панко, Панко.
Е уште едно чудо други наши.
(OGI SINKO20 Септември, 2006 - 00:20 | избриши | одговори)
#

Бог да го прости и вечна Му памет !
(стани20 Септември, 2006 - 09:07 | избриши | одговори)
# Не се мешај овде бе татар.Испоганивте кај се пикнавте.Иш.Отур бурда.
(Krapp22 Септември, 2006 - 11:14 | избриши | одговори)
#

Значи краппския пезевенгин бил рязана карабина!? Брех мама му стара! Сега вече разбирам гей наклонностите му....И как само "убаво го сборува турцкиот"? Евалла ,машалла че и афферим Краппоглу бей!Само стискай свингера да се не посериш!
(стани22 Септември, 2006 - 11:47 | избриши | одговори)
# Да е само еден ај...
(CuLa16 Октомври, 2006 - 12:48 | избриши | одговори)
# Стани немој бе да го поганиш најсветото кај македонците.Треба да се извиниш.Не сум јас во прашање.Никој овде не ги навреди вашите јунаци.Имај малкју почит кон големите луге па макар и да се македонци.Има ли нешто човечко во тебе.Или ке потврдиш дека си хун?
(Krapp16 Октомври, 2006 - 14:46 | избриши | одговори)