сабота, 23 јуни 2007 г.

ЗЛАТНА БУБАМАРА

Долго време ништо не сум напишал. А што и да пишувам. Најинтересно медиско случување беше Бубамара. Замислете си. И што се случува сега. Све у стилу комуњизма. Значи ептен маштовито. Кога светот бара оградување од комунизмот како репресивен начин на владеење, Ранко опнал 9-ти конгрес. Па што водители имаше. Прво Бранка и Беличанец. Е Бранка додуше незнам за што жали. За комунизмот или за мажот и што се самоуби во комунизмот. Првиот дрматор со економска афера. Само незнам дали Циле им бил политичко-технички советник. И сеа ајде да се вратиме на водителите. Го нема Тончииии. Што е работава? И во замена пак Ранко зема кумановче со исти селски вицови. А што означуваат лани и годинава девојчињата, тоа па ич не ми е јасно. Нема ниту една награда за најдобра детска песничка и сл.И почнава да се делат награди. Излегува Џамбазов и си прави шоу и неможеше да издржи а да не си направи мајтап. И со кого ако не со дежурната ни кловновска жртва Јанко. Добро бе Јанко, не си глуп човек, ама уште ли не научи дека не се седи во првите редови. Па сите така тераат мајтап со тебе. Гревче. Ич раат не те оставаат. И Јанче си излезе целиот возбуден да си ја прими втората му бубамара, и наместо да ја поздрави публиката или незнам кого од радио бубамара, он ги поздравува К-15. Абе акмак ни еден, па ова не е нивна организација. Каде си се збунил? Или поддршка на Тошо да не му даваше што не го пуштиле зад бината ли? И на крај како шлаг на торта ете ни го господин женски доктор и тој почна да му честита син на Ранко. Ај што му честиташе што и не е лоша работа бидејки било кое дете да се роди е благослов божји, туку толку пати тоа го кажа како божем он самиот се породил и си родил синче.А тек хористите се посебна приказна. Тука Џамбазов беше сосема во право. Толку беа во дилириум што си мислеа дека и они ќе добијат примерок од пластичните бубамарки. Лелеееееее ќе го заборавев “маестро“ Кирил Поп Христов. Лелеее па тој целиот надуван кога почна да рипа по клавирчето целото го искрши и како десерт ни покажа како од многу рипање се паѓа на задник. Блентав човек се избрука.

Тоа е моето видување на бубамарата. Се надевам дека ќе има коментари како вие сте го доживеале овој спектакл.

Нема коментари: