сабота, 23 јуни 2007 г.

Фактор Х

Ви текнува ли на едно типче кое секоја сабота и недела навечер го тупи на Скај Нет? Ај што го тупи, ама типов го тупи со саати. Тоа вероватно се должи на тоа што самата ТВ куќа нема што друго да понуди во тој период. Од понеделник до петок терминот го пополнува бурекџијата, а другите два дена пророков од Кисела Вода. Да беше муслич, ќе го сврстев во редот на Мохамедовите колеги, ама сепак неееее. Типчево е рисјанин. Се сеќавам кога сефте се појави на Сител телевизија. Се запрепастив. Па зарем овој човек станал пророк, човек кој се школуваше во Димитар Влахов, отсек фризерај, и кој до пред некое време имаше и свој салон(така да го наречеме). И тоа женски салон. А професијата му беше погодена. Не сум запознаен колку беше вешт со маказите, чешлето, фенот и се останато што му е потребно на еден фризер, туку погоден на професијата беше со своите феминистички движења и начин на говорење. Кога ќе почне да врти со очињата, Алачка може вода да му носи. Гледајки дека баткиве од Влахов ко филмски звезди ги третираат, баткава кариера можеше да направи. А мислам дека ни Серж, ни Костиќ ниту пак некој друг ќе го надминеше. Да се вратам на темата. По некое време го снема од Сител и си реков, фала богу имало куртул. Е тука се з....в. Иако едно време по новиниве делеше по пола реклама со уште еден пророк, после извесно време го снема, ама сепак немало куртул. Ко Ристо после трета вечер еве ти го чоечево воскресна на Скај Нет. Еднаш пробав да го слушам што им зборува на луѓето, и да бидам искрен иако бев целосно сконцентриран на неговиот монолог, јас чоечево не го разбрав ништо. Во пет минути говор кажа две проширени реченици кои имаа зборови кои не означуваа ама баш ништо. Или сум ја недоволно интилигентен за неговите блебетања, или чоечево треска зелени по 100 во минута. Меѓутоа една работа морам да му признаам. Човеков си има публика-односно бизнис. Народ прост колку сакаш и нон-стоп му се јавуваат.А исклучиш пред да се доискаже, и тој прекинува. Иако еднаш на еден негов верник му препорача да си го исече крувчето во дворот зошто му нанесувало лоши вијаненија, и на тоа сите медиуми му се смеева, чоечево си бае и понатаму. Иаку пред некоја недела кај Бејби во емисија едно попче на фин и културен начин партал го направи во врска со неговите баења и криења зад црковно духовните верувања на луѓето, типчево сеуште пророчува и бае. Е фала богу сега не ги става иконите пред него. Сега има мала сетлечка топка. Вероватно претензии му се диско клуб да има. Ееее, и во 21 век овој наш народ сеуште има потреба од овакви типчиња.
п.с. Трендо ептен го “цени“ ова типче. Пред некоја година му дозволи место него да ја превземе наградата во “Универзална“ место него. Мислам беше на Златна Бубамара. Прашајте го ако мислите дека не е вистина.

1 коментар:

Spartak рече...

# синојка на момент го фатив ради сеир и што да кажам освен дека ми е жал за тие што му се јавуваат, ваљда нешто ептен многу ги мучи па бараат чаре.Ма какви реченици,лупа неповрзани зборови,вк.10 со се сврзници и на сите истото го кажува,а наплеќа 50д.минута!
(istok12 Февруари, 2006 - 15:55 | избриши | одговори)
#

Ко ви викав ја у Влахов да се запишите, па од таму само ѕвезди искачаат, до школото ќе е.
Го ЖАЛАМ искрено само народов наш, од вакви преваранти, кои на туѓи маки пари прават.
(зезалица12 Февруари, 2006 - 16:10 | избриши | одговори)
# пази ова, го цитирам сашо - Ти ќе играш главна улога у твојот живот!(?!?!)хааааа!
(istok12 Февруари, 2006 - 16:16 | избриши | одговори)
# Мислам дека се и помалку од 10.Зборови му се владение, и усте 5-6 меѓусебно нерационално поврзани. Одкога ќе ги каже тогаш почнува од почеток.
(Spartak12 Февруари, 2006 - 19:12 | избриши | измени | одговори)