недела, 24 јуни 2007

ЗАБЛУДИТЕ НА ЃОРЃИ МЛАДЕНОВ

Претседателот на МПО Ѓорѓи Младенов (from Canada)не знае дека постојат бројни средновековни документи (објавени во бугарски книги) кои сведочат за бугарските пустошења на Македонија!

Декларирањето на браќата Миладиновци, ту како Грци, ту како Бугари, не претставува никаков доказ дека македонската нација има бугаро-татарски етнички корени!

Ѓорѓи Младенов остана запаметен во нашата јавност во грозоморната изјава што ја даде во еден скопски неделник, во која тој се заложи за поделба на Македонија помеѓу Албанија и Бугарија. Младенов изјави и дека за таа цел во Виена бил формиран некаков бугарско-албански комитет, кој имал за цел ново поробување и поделба на Македонија. Овој човек го сожалувам и секаде го посочувам како жив пример за македонската трагедија. Имено, г-дин Младенов потекнува од најизмачениот дел на Македонија - Егејска Македонија. Многу е веројатно дека и денес во егејскиот дел на Македонија има негови роднини кои себе си се декларираат како Грци! Тоа не ме чуди и реков дека тоа е жива слика на македонската трагедија - блиски роднини, под влијание на различни пропаганди или притисоци, различно да се декларираат. Меѓутоа, она што ме чуди е омразата на Младенов кон Македонија и кон Македонците. Имено, тој јавно изјавува дека Македонија треба пак да се подели и да се пороби. Ова сосема јасно зборува за неговата омраза кон својата земја и нападно потсетува на библиската приказна за царот Соломон, на која накратко ќе се потсетиме. Имено, две жени се карале околу тоа чие било бебето што било со нив, т.е. која била неговата вистинска мајка. Така стигнале до царот Соломон. Царот Соломон, немоќен да открие која е вистинската мајка, наредил детето да се пресече на две и да им се даде по една половина на жените. Тогаш едната жена (вистинската мајка) рекла дека таа се откажува од детето, само за да остане тоа живо, па макар и да не биде нејзино, додека онаа која не била негова мајка, се согласила детето да се пресече надве. Тогаш царот Соломон детето и го дал на онаа жена која изјавила дека сака детето да остане живо, зашто сфатил дека таа е вистинската мајка.

МПО - АНТИМАКЕДОНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА!

Од оваа поучна приказна, Младенов нападно ме потсетува на онаа жена која не била вистинската мајка. Тој не ја смета Македонија како своја и согласен е да ја подели истата, а нејзиниот (неговиот) народ да го изложи на нови страдања, терор и окупации. Со тоа, ако Младенов и навистина е претседател на МПО (Македонска Патриотическа Организација) под итно треба да и го смени името на својата организација и истата да ја прекрсти во АМП (Анти-македонска Патриотическа Организација). Да се надеваме дека ќе го послуша овој предлог. А сега накратко да одговориме на неговите аргументи што тој ги изложува во неговото писмо во Македонско Сонце од 30.01.1998. Како прво, господинот Младенов очигледно дека нема поим оти етногенезата (а не декларирањето на поединци) го одредуваат етничкото потекло на една нација. Како доказ за ова ќе се послужиме токму со еден од неговите аргументи. Имено, тој ги споменува браќата Миладиновци и нивното времено декларирање како Бугари и тврди дека поради тоа Македонците биле Бугари(!?). Дека оваа негова констатација претставува обична бесмислица многу лесно ќе докажеме. Имено, во колку декларирањето на поединци го одредува етничкото потекло на една нација, тогаш да потсетиме дека браќата Миладиновци (но и Прличев, Жинзифов и други) долго време во животот се декларирале како Грци. Па, зарем тоа значи дека тие тогаш биле етнички Грци, а потоа наеднаш станале етнички Бугари? Зарем со различното себедекларирање се менува и етничкото потекло и национална припадност? Ако е така, тогаш го повикувам г-дин Младенов да направи еден експеримент со себе си. За проба, нека почне да се декларира како Конгоанец. Дали тоа значи дека преку ноќ г-дин Младенов ќе поцрне и ќе стане вистински Конгоанец, само затоа што така му текнало да се декларира? Секако дека не. Декларирањето не игра никаква улога во одредувањето на етничкото потекло на една нација. Конечно, браќата Миладиновци дури како возрасни, под влијание на бугарската пропаганда, почнале да се декларираат за Бугари, исто како што пред тоа, додека биле под влијание на грчката пропаганда, во тие матни времиња на организирано задушување на македонското етничко самосознание, себе си се декларирале како Грци. Освен тоа, Димитар Миладинов и по своето декларирање како Бугарин продолжил да ја шири грчката култура со тоа што останал да работи како грчки учител дури и во времето кога веќе постоеле словенските училишта. Мошне е важно и тоа што тие дури како возрасни почнале да се декларираат како Бугари, што значи дека таквото чувство го добиле под влијание на бугарската пропаганда, а не дека го наследиле од своите родители и предци. За нивниот интерес кон античка Македонија, за спомнувањето на македонските песни од страна на Константин Миладинов, за говорот на Прличев во кој, како синови на Македонија, тој ги споменува Александар Македонски, светите Кирил и Методија и други. Од друга страна Младенов очигледно нема поим дека огромен број вистински Бугари, дури и во првите децении на 19. век масовно се декларирале како Срби, но и како Грци (за што постојат повеќе цитати од бугарски книги). Па, зарем денешните Бугари се потомци на Србите и на Грците само затоа што мнозина Бугари се изјасниле како Срби и како Грци? И конечно, зошто Младенов ги премолчува Македонците кои се декларирале како Грци, Срби, Турци или Албанци? Значи, етногенезата (крвта, гените...) го одредува етничкото потекло на една нација, а не себедекларирањето на поединци од таа нација, па во тој контекст, ќе спомнеме дека ние Македонците и да сакаме не можеме да бидеме Бугари, бидејќи едноставно во нашите вени немаме бугарска крв! Вистинските етнички предци на денешната бугарска нација, турко-монголските Бугари (т.н. Прабугари) никогаш масовно не ја населиле Македонија и никогаш не дошло до нивно масовно мешање со македонското население, па оттаму ние Македонците ја немаме нивната крв и гени, поради што никако не можеме да бидеме Бугари или да имаме некаков заеднички етнички корен со Бугарите. Турко-монголските Бугари во Македонија доаѓале само да пљачкосуваат и да убиваат, за што постојат бројни тогашни древни извори. За турко-монголскиот карактер на Бугарите е пишувано во повеќе бугарски и странски извори, а овде ќе цитираме некои современи и древни сведоштва кои зборуваат за бугарските пустошења на Македонија.

МАКЕДОНИЈА СТРАДА ОД БУГАРО-АЗИЈАТИТЕ

Така, на пример, за стравот што македонското население го имало од суровиот бугаро-азијатски хан Крум, сведочи бугарскиот проф. Златарски, кој во врска со ова, во својата книга Историја на б'лгарската држава през Средните векове. т III, пишува: "Бугарите кога разбрале за бунтот во византиската војска... уште повеќе се нафрилиле врз Македонија и Тракија. Тие внеле таков ужас, што жителите на Анхиал и Вероја (Бер) ги напуштиле своите живеалишта и се разбегале... Во истата книга професор Златарски пишува и за окупацијата на Македонија од страна на турко-монголскиот бугарски хан Пресијан (инаку роден татко на кнезот Борис): "Во 837 година императорот Теофил бил зафатен со големиот поход во мала Азија, во кој биле ангажирани сите воени сили на Империјата. Пресијан побрзал да ја искористи таа, за него, благопријатна состојба, за да ги окупира земјите на македонските Словени... Посебно жесток кон Македонија и кон Македонците бил синот на Борис, турко-монголскиот бугарски цар Симеон (роден внук на хан Пресијан). Постојат древни сведоштва, според кои, за време на разурнувачките војни што Симеон ги водел на територијата на Македонија, неговите војски, без некои посебни причини, уривале се пред себе. Биле уништувани цркви, манастири и обични куќи. Епископите и монасите биле убивани и измачувани. Дури и бавчите биле уништувани, а плодоносните дрвја сечени. Цариградскиот патријарх Николај Мистик за овие навлегувања на бугарските војски во Македонија возбудено констатирал: "...Но, како што си припомнувам за толкавиот број на разрушени храмови, манастири и домови; за убиените епископи, за измачуваните монаси - како можам да се надевам дека Бог ќе го заборави сето ова?" За пустошењата од страна на војските на бугаро-азијатскиот цар Симеон во Македонија постои и сведоштво од еден македонски книжевен паметник од 11. век, во кој се вели: "Симеон бил нечесен и зол кон луѓето и тој ја уништил македонската земја... Тогаш сите луѓе пропиштеа од овој цар и повикаа: Тешко нам, браќа, од овој цар!" Византискиот историчар Симеон Логотет, за разурнувањата на нашата земја од страна на бугарскиот цар Симеон, го напишал следното: "До царот пристигна вест од страна на македонскиот војвода дека Симеон се подготвува да војува со Грците... Во месец септември, бугарскиот кнез Симеон со целата своја војска дојде до Цариград и притоа ги оплени Тракија и Македонија. Таму тие разурнаа и запалија се и ги исекоа овошките."

КАЛОЈАН ЈА УНИШТУВА МАКЕДОНИЈА

Овде сами по себе се поставуваат прашањата: чија земја уништувал суровиот Бугаро-азијат (со крстено име) Симеон ? Тоа ли е ,,најромантичниот период" од бугарската историја? Нека размислат за ова големобугарските пропагандисти, но и нашите одродени јаничари. За разурнувањата на бугарски цар Калојан (кој од Византијците бил наречен Скили-Јован, што значи Куче-Јован) во Македонија, македонскиот средовековен писател Владислав Граматик (кој живеел во Рилскиот манастир) напишал: "Тој Калојан за време на секое враќање од борбите што ги водеше против Ромеите, ја пустошеше македонската земја и извршуваше многу жестокости врз населението. Засолништата им ги рушеше до темел, а многу народ одведе во пленство и го пресели преку Дунав." Овој документ е објавен во бугарска книга (Петар Ников: Материали за средновековната истори® на БÍлгари® - ПСп, кн. 55-56, с. 250), а од него гледаме дека бугарскиот цар Калојан не го заборавил стариот азијатски обичај да плени народ и да ги води плениците далеку од своите родни огништа. За несреќите што бугарскиот цар Калојан им ги нанесол на Македонците потресни сведоштва дал и византискиот писател Никита Хонијат: "Најправилно би било да се каже дека никогаш досега човечко око не е видело, ниту човечко уво не е слушнало, ниту пак такво нешто е дошло до човековото срце, како што беше тоа што Куманите и Бугарите го направија за време на нивните налети. Големите, познати и дотогаш многунаселени градови, прекрасните села околу нив, уредно обработените полиња и ливади, цветните градини, кои изобилуваа со плодови поради нивното напојување од околните рекички, високите дворци, преубавите уметнички соѕидани и насликани со разни бои палати, удобните бањи, натежнатите од плодови лозја, обилните со жетва ниви и илјадници други предмети, кои се производ на различни сезони, кои ја радуваат земјата и кои го прават нашиот живот во неа пријатен, сладок и посакуван - сето тоа, откако населението беше истребено, стана живеалиште на ежови и на диви животни. Ако некој можеше да фрли само еден поглед на сето тоа - исполнет со болка - ќе се удреше во градите и со солзи во очите ќе кажеше дека го видел рушењето на вселената... Во мојот јазик не постојат такви изрази, кои ќе бидат доволни за детално и целосно набројување на сите тие многубројни злодела." И ова потресно сведоштво за уништувањето на македонската земја, македонскиот народ и македонската култура од страна на бугарскиот цар Калојан доволно зборува за тоа колку ние Македонците и Бугарите сме биле ,,еден народ." За пустошењата на цар Калојан во Македонија, постои и сведоштво, од Дејанијата на Свети Димитрија, објавено во книгата Христоматија по историја на Бугарија (Софија, 1964), каде,на стр. 273,пишува : "Тогаш владетел на Бугарите бил Калојан... Тој,откако ја пребродил цела Македонија, ги опустошил сите области, до темел ги срушил основните крепости, пљачкосувал и го испустил и преселил целото население покрај брегот на реката Дунав - со еден збор, го престорил во пустина секое место што го нападнал. Потоа тој незадржливо се упатил против Солун, заедно со својата војска, која била побројна и од морскиот песок и која се состоела од: Бугари, Кумани, Татари, Хазари..." Сето ова би требало барем малку да ја разбуди совеста на Ѓорѓи Младенов и на сличните како него. Пискотот на нашите настрадани предци, убиваните Македонци од страна на суровите Бугаро-азијати нека допре до нивната совест, ако воопшто ја имаат...

1 коментар:

Spartak рече...

# Така е!те читам
(atractivART21 Септември, 2006 - 13:12 | избриши | одговори)
# Потребни се уште лечилишта! Бардовци е мало!
(Dialog23 Септември, 2006 - 18:49 | избриши | одговори)
# А од каде знаеш за Бардовци?
(Spartak23 Септември, 2006 - 18:56 | избриши | одговори)
# хехехех! Маjтап, Спартак! Немоj да скокаш, брат! Знам, повеке нешта знам за Македониjа, а Бардовци како синоним на балканската лудисиjа го има насекаде на Балканот! Иако добро напишано ме изнасмеjа со комсомолската жар , со коjа сам си веруваш на напишаното!
(Dialog23 Септември, 2006 - 19:15 | избриши | одговори)
# Дијалог татарче не знаеш за македонија штом тврдиш такви глупости.
(Krapp23 Септември, 2006 - 23:27 | избриши | одговори)