сабота, 23 јуни 2007 г.

1-ви Мај и останатите фраери

 Празникот на трудот, Први мај, и оваа година во светот беше одбележан со традиционални собири, маршеви и судири на демонстранти со полицијата.



Повеќе од 120.000 луѓе во Виена го одржаа традиционално најголемиот марш во Европа. Неколку илјади лица демонстрираа во Атина и во Солун. Протестите имаа антивоена димензија. Во Атина демонстрираа близу 10.000 лица, а во Солун 3.000 лица.

А кај нас?

Кај нас скоро исто како и во светот. Традиционално македонските граѓани за 1 и за 2 Мај ги распалија скарите во туристичко-излетничките места. Се погоди и времето, а мајсторите за скара вртеа разни специјалитети и пиева пивце. Некои од нас си отидоа во Грција, но не да демонстрираат во Солун,отидоа да се релаксираат. Е се ќе беше добро, да не беше малтретирањето на граница. Не толку од грчките цариници, колку од “нас“ патниците. Си чекаме во долгата колона означена за патници кои не потекнуваат од земјите од ЕУ, ама има и такви “паметни“ глави кои се бутаат и од останатите ленти. Кој успее- успее. И покрај сите тие стрпливи патници кои мирно си чекаа на ред, во нестрпливите се најде и големиот новинар Чомовски. Само со таа разлика што гркот не го “препозна“ и му се наврти на наш Чуму. Го врати назад на опашката. И сега, дали да ги пцуеме грчките цариници и полицајци или да ги поддржуваме? Овој гест на полицаецот навистина ме орасположи. Тоа ми ја врати вербата во правичноста и почитување на редот. Па не ќе е наш Чуму попаметен од останатите доколку фраерски сите не помине и преде нас ја помина границата. 

Дали ви се случило нешто вакво?

Нема коментари: