сабота, 23 јуни 2007

МАКЕДОНСКИТЕ КОРЕНИ НА БУГАРСКАТА КУЛТУРА


Повеќемина застапници на великобугарските хипотези за наводниот бугарски етнички корен на македонската нација, се повикуваат на наводните аргументи, според кои, Македонците низ вековите наводно биле аморфна и флотантна маса, додека Бугарите отсекогаш си биле со своја стара култура, цивилизација, јазик и - што е најважно - со бугарска народносна свест. Така за Бугарите се создаде една фама дека тие наводно отсекогаш претставувале народносно свесен и древен народ, со своја култура, кон која, нам Македонците треба да ни биде чест што сме припаѓале или што се уште припаѓаме.

Со целата почит кон Бугарите, во продолжение ќе го обработиме и ова подметнување од страна на великобугарските пропагандисти.

Како прво, да кажеме дека ваквата лажна слика за Бугарите низ вековите секако дека е резултат на крајно едностраната пропаганда што оттаму ни беше пласирана. Во оваа пропаганда, исклучително селективно беа одбирани ретките документи, во кои, во средновековието се споменуваат Бугарите и нивната култура. Ваквите документи беа глорифицирани до крајни граници, па кај неупатените се создаде фатаморганата дека Бугарите отсекогаш биле свесни дека се Бугари и дека тие отсекогаш имале своја развиена култура.

БУГАРИТЕ - НЕСВЕСНИ ЗА СВОЈАТА НАРОДНОСТ

Меѓутоа, податоците што ќе следат во продолжение верувам дека ќе делуваат како студен туш кај неупатените застапници на великобугарските хипотези, кои еднострано и безрезервно ги примаат бугарските пропагандни артикулации како единствено објективни. Повеќе странски историски документи многу јасно докажуваат дека најголем дел од Бугарите (како впрочем и некои други балкански народи), дури и во самиот почеток на 19. век, воопшто не знаеле што се по народност, а за некаква бугарска развиена култура и да не зборуваме.

Како доказ за горенаведените тврдења ќе се послужиме со бугарски книги, но и со општопознати податоци. Така, на пример, во 1987 година (значи во времето на тодорживковистичкото едноумие) во Софија е објавен седмиот том од патеписите што странските патеписци ги пишувале за време на нивната посета во Бугарија. Конкретно овој том носи наслов Англиските патеписци за Бугарија, и истиот е посветен на извештаите дадени од страна на англиските патеписци (вкупно 31 на број), кои, почнувајќи од 16., па сe до почетокот на 19. век, престојувале во Бугарија.

Преведувачот на оваа книга и нејзин приредувач, бугарскиот историчар Марија Тодорова и самата тврди дека во стотиците страници што ги оставиле овие публицисти за Бугарија, термините Бугарија и Бугари мошне малку или воопшто не се спомнуваат. Напротив, во неколку патеписи, авторите, како резултат на своите разговори со месните етнички Бугари, сосема јасно запишале дека во Бугарија живеат Срби, па дури и Грци!

Што се однесува до некаква развиена бугарска култура од овој период, патеписците таква речиси и не споменуваат, или ако споменуваат, тогаш не многу пофално (па дури и навредливо) се изразуваат за неа.

Инаку, овие патеписци територијата на Бугарија сосема јасно ја лоцирале во обласите помеѓу Стара Планина, Дунав, Тимок и Црно Море (значи никаде не станува збор за Македонија како за некаква бугарска земја).

Низ бројни историски документи од Средниот век (но и подоцна) за Бугарите се среќаваат најмалку 15 различни етнички детерминирања. Од ова недвосмислено може да се заклучи дека, во колку Бугарите отсекогаш биле свесни за своето бугарско етничко потекло (како што се на пример Англичаните и други), не би постоел волкав број на странски документи и сведоштва од тоа време, во кои Бугарите биле третирани, не само како Срби и како Грци, туку и како: Власи, Илири, Готи, Хуни, Мизи, Панонци, Мирмидонци, Трибали, Турци, Гагаузи, Скити, Буржари, па дури и како Хрвати! Посебно значајни се сведоштвата за доброволното инакво себедекларирање на Бугарите, и тоа дури во 19. век!

Во контекст на ова да ги споменеме и различните детерминирања на територијата на Бугарија на старите географски карти (од кои некои се и од 19. век), во кои територијата на денешна Бугарија била означена како: Тракија, Романија и сл

1 коментар:

Spartak рече...

#

Download Jelena Veljaca video ! - Блог терапија
maja bugaric. Posted by loi | сабота, февруари 18, 2006 ... MA CEKAJTE DA VIDIM STA SE TO GUTALO. Posted by KRKAN | среда, февруари 22, 2006 ...
kajsibemoby.blogspot.com/2006/02/download-jelena-veljaca-video.html - 713k -
(...m...7 Септември, 2006 - 09:17 | избриши | одговори)
# Но мора да се признае дека доста време и средства вложуваат во креирање и декларирање на креираната историја.
(Spartak7 Септември, 2006 - 17:04 | избриши | одговори)
#

Името на јазикот, говорен од населението во Македонија, преку целиот историски развој, недвосмислено е посочено во документите: Теофилакт Охридски (крај на XI - почетокот на ХII в.) во „Пространото житие" го нарекува Климент "прв епископ на Болгарскиот јазик"; Димитар Хоматиан, охридски архиепископ (крај на XII - почетокот на XIII в.) се оплакува на србскиот крал Стефан Радослав, дека "на бугарски јазик не може да се толкува или говори"; Византискиот историчар Никифор Грегора през 1326 година одбележува, дека Бугарите по Струма, Струмица и Скопје го поздравили "на свој јазик добродушно и засмеано". Во време на турското робство во Македонија робовите, купувани од Венецијанските трговци, се именувани "на бугарски јазик". Србскиот патриарх Василиј Бркиќ, составил „Опис на провинциите во турската држава" во 1771 година, одбележува: "но така како Болгарите се многу повеќе од Турците, та по цела Македонија сите говорат бугарски јазик".
Францускиот чиновник од конзулатот во Солун Кузинери 1777-1779, 1786-1793 г. подцртува, дека Воденската епархија на запад од Солун: "Целата е населена со Бугари" и затоа "нејните архиепископи, кои доаѓаат во Воден, макар и Грци по народност, се принудени да научат бугарски јазик". Германскиот научник Гризебах, патувал низ Македонија во 1839 година, одбележува, дека од "Солун на запад не се слуша веќе грчки јазик и одтаму чак до албанскте гранични линии живеат Бугари".
Рускиот монах Партениј во 1839 година пишува, дека во Македонија "бугарскиот говор е поблизок до словенскиот одколку рускиот". Австријскиот конзул Хан, ја обиколил Македонија на два пати (1858 и 1863 г.), посочува, дека "Србско-Бугарската јазична граница минува по река Бугарска Морава, чак до Призрен во полињата на Шар планина."
(теодор7 Септември, 2006 - 17:18 | избриши | одговори)
#

Нали си полиглот , чети :
Stojan Novakovich
Excerpt from the letter of the Serbian professor and politician Stojan Novakovich to Vladan Djordjevich, minister of education of Serbia, 1887
Since the Bulgarian idea, as we all very well know, has deep roots in Macedonia, I think that it is impossible to exterminate it if we oppose to it the Serbian idea alone. I doubt that this idea will be able to suppress the Bulgarian idea as long as it is a mere confrontation. Therefore, we would greatly profit from an ally, sharply confronted with Bulgarianism, and including in itself elements that would attract the people and which would be intimate to his feelings - it is precisely they that will split it from Bulgarianism. This ally in my view is Macedonism, or in definite and wisely set boundaries, presentation of Macedonian dialect and Macedonian specifics. There is nothing more opposing to Bulgarian tendencies than this — there is no other situation where Bulgarians can find themselves in more unrest than against Macedonism.
****************************************************************

[edit]
Miodrag Drugovac
Excerpts from a textbook published in the Socialist Republic of Macedonia of former Yugoslavia, in 1990, authored by Miodrag Drugovac:

At this time of intense Bulgarian and Greek ecclesiastic and cultural propaganda, in Macedonia a new face of the Serbian ecclesiastic and cultural propaganda appears — Macedonism.
Macedonism is an attempt at neutralization of the Bulgarian and Greek influences.
(теодор7 Септември, 2006 - 17:22 | избриши | одговори)
#

Тео
Ти сега ми напиша приказни за деца, и ништо друго.
(Spartak7 Септември, 2006 - 18:31 | избриши | одговори)
#

Копираш , фиром , копираш....Дай малко с твои думи.Стани ти каза че оня ненормалник Донски ви загълвичква с детски приказки , та ти сега да си говърнеш.Тъпичко , тъпичко.....та направо си е ТЪПО
(теодор7 Септември, 2006 - 20:41 | избриши | одговори)
# а колку македонска имиграција има во Татарленд денес?? Хммм 50% им однесовме наша чиста македонска култура.. јеби га бугарите ни ја искористиле и нормално употребиле против нас и до ден денес...
(CuLa16 Октомври, 2006 - 12:53 | избриши | одговори)
# а колку македонска имиграција има во Татарленд денес?? Хммм 50% им однесовме наша чиста македонска култура.. јеби га бугарите ни ја искористиле и нормално употребиле против нас и до ден денес...
(CuLa16 Октомври, 2006 - 12:54 | избриши | одговори)
# Кога бугарија ке неправи европски попис и кога без страв ке се изјаснуваат ке се види колку макединци има во бугарија.Ке се покаже дека има многу имиграција од македонија и многу зале бугарски пасош.Ке се види колку бугари има во бугарија.
(Krapp16 Октомври, 2006 - 14:42 | избриши | одговори)
# За спорот Бугари Македонци или Власи и власти Во врска со оваа енигма разговаравме со двајцата најекспонирани репрезенти на влашкиот етнос во Македонија, претседателот на Унијата на Власите Димо Димчев и шефот на Партијата на Власите Митко Костов-Папули. Обајцата се пожртвувани прегорци за влашката кауза во Македонија, меѓутоа одбиваат секаква помисла дека се борат за интересите на Романија. - Романците и Власите се како двајца браќа кои си формирале одделни куќи - вели Костов-Папули. "Нашите јазици се слични, ама не се исти. Нас како партија не нe интересира Романија. Ние само сакаме да бидеме мост на соработка помеѓу таа земја и Македонија." Димо Димчев е уште поригорозен. "Во Македонија има и такви Власи кои често престојуваат во романската и грчката амбасада. Ние остро се противставуваме на таквото дејствување и ја застапуваме тезата дека Власите се автентично и најстаро население во Република Македонија", вели Димчев. Разговорите со овие двајца не можеа а да не ја допрат темата за таканареченото "влашко лоби", иако Власите не се одушевени кога се употребува тој речник. Папули ни ја врачи Декларацијата на неговата партија по повод двегодишнината од основањето на Партијата на Власите, во која се поставува прашањето: "Дали ние денес ќе може да ја поправиме грешката на една мала, но мошне влијателна група Власи, која го наметна своето мислење по НОБ дека нема потреба да се отвораат училишта на влашки јазик и да се создава влашка православна епархија?" Лидерот Митко продолжува во ист тон: "Факт е дека повеќето Власи инклинираат кон СДСМ и ние преку таа партија сме успеале да реализираме дел од нашите барања. На пример, поранешната министерка за образование Емилија Симоска во 1995 ни овозможи да отвориме курс за професори по влашки јазик, 43 на број, кои потоа станаа апостоли на ревитализацијата на влашката култура по пат на изведување факултативна настава во основните училишта. Но тоа е премалку. Ние сме имале многумина Власи во редовите на поранешната социјалистичка и денешната власт, ама тие не сториле речиси ништо за влашкиот народ. Тоа се нашите фарисеи", протестира Папули, најавувајќи дека ќе побара смена на социјалдемократот Коста Прешовски од Комитетот на заедниците и поставување свој човек во тој ембрионален Дом на етносите во македонското Собрание. Приказната за т.н. "влашко лоби" е неверојатна. Кога ќе погледнете кој сe бил во органите за управување од овој етницитет, ќе останете вчудовидени. Го замоливме Димо Димчев да ни каже кој, освен Милтон Манаки и Хари Костов, бил Влав во досегашните влади, но и во другите јавни области, како што се науката, уметноста, лингвистиката, историјата, правото, итн. Димчев наредува: "Пиши! Како прв, Лазар Колишевски бил Влав по мајка. Откако останал сирак, го зеле тетките по мајчина страна - битолски Влаинки - го вдомиле во кралското сиропиталиште, а потоа го пратиле на училиште во Србија. Натаму, Власи се: Ѓорѓи Цаца, Ката Лахтова, Кочо Битољану, Васил Влашки, Дучо Кранго, а по мајка Влав е и Киро Глигоров. Влав е и командантот на македонската НОВ Михајло Апостолски, како и дузина познати повоени генерали (некои од нив и со црногорска крв, н.з.). Од пратениците Власи се: Елеонора Петрова, Борис Кондарко, Сашо Дохчев, Јани Макрадули (мешан Грко/Влав), потоа министерот, заменик-министерката и државниот секретар за култура Стефановски, Корнети и Тозија, како и ексминистерката Емилија Симоска; во скопските села има влашка фамилија Бучко, така што можеби и Бучковски е Влав од некоја страна. Од академиците Власи се Никола Мартиновски, Харалампие и Момир Поленакович, Михајло Петрушевски, Таки Фити, Ѓорѓи Чупона... Блаже Конески, творецот на македонскиот литературен јазик, одлично зборуваше влашки. Новиот претседател на МАНУ Цветан Грозданов по баба е од Јанина. Од сферата на стопанството најпознат Влав е Штерјо Наков, неговата заменичка во Фершпед Кираца Трајковска, Нако Наков од Годел, Панде Лазаров од ЕСМ, Јорго Куќа - ОХИС, како и многумина помалку познати економисти, каков што е Сашо Манаковски од Македонската банка за развој, кој е сопруг на директорката на МРТВ Гордана Стошиќ." Кога сме кај новинарството, да споменеме уште некое еминентно журналистичко влашко име: Чомовски - А1, Колемишевски - екс-Нова Македонија, Столе Наумов - Канал 77, Љупчо Зиков - Капитал... Доволно е или уште да редиме? Стерјо Зиков од скопското обвинителство, Зоран Верушевски од ДБК, Драгољуб Арсовски од Комерцијална банка, грст крупни градоначалници, владиката Наум, па и Зоран Вранишковски итн. итн... Да не ги спомнуваме оние кои станале зетовци во влашки фамилии, како Никола Поповски - Дика (како, впрочем, и потписникот на овие редови). Кога ќе се погледне овој импресивен список, на човек му иде да поверува дека во Македонија има не 10, ами 100 илјади Власи, токму како што тврди Димо Димчев. Телото добива глава На 15 септември минатата година во скопското кафуле Медиум се одвиваа интересни настани. Голем број декларирани противници на претходната власт се собраа таму за да го прослават падот на Љубчо Георгиевски (меѓу нив, на пример, лица од Меѓународната кризна група и од Фондацијата СОРОС). Неколку часа по обзнанувањето на изборните резултати, во локалот дојдоа еуфорични социјалдемократи, чиј предводник гордо провикна: "Ги прегазивме Бугариштана!" Ако се потсетиме на изјавата на Мите Папули, дека Власите ја преферираат левата политичка опција, се наметнува прашањето постои ли основа да се претпостави дека партискиот поларитет, опредметен во лицето на СДСМ и ДПМНЕ, има во себе и некаков скриен етнички бекграунд? Зошто оној човек во Медиум за изборно поразените го употреби погрдниот аугментатив "бугаришта"? Од разговорите со Димчев и Папули научивме една мошне интересна работа. Во семејствата во кои дома сe уште се зборува влашки, терминот Македонци или "Мачедон" е резервиран за Власите и тие себеси се нарекуваат Мачедо-Ар'м'н. (Така дури сакале да бидат именувани во Преамбулата на Уставот.) Македонците, пак - оние од словенско потекло - од страна на Власите се нарекувани Вургари или Вулгари, исто како што Грците го именуваат доминантниот македонски етникум со Вулгарис. Зошто е тоа така - не навлеговме во подетални анализи. Но, се создава помисла дека Власите (без оглед дали се декларираат како такви или како Македонци) во однос на мнозинското словенско население имаат зачувано некакво скришно сознание за нивната некогашна припадност, која пак како да ја сметаат за противставена на сопствениот национален интерес. Прифаќам дека сево ова може да биде шпекулација. Впрочем, има Власи и од десната страна на македонскиот политички спектар - пример: Љубиша Георгиевски. Меѓутоа еден научен труд, објавен во Зборникот од научната конференција "Власите на Балканот", поттикнува слични индиции. Во прашање е трудот на историчарот Глигор Тодоровски насловен како "Борбата на Власите за еманципирање непосредно по ослободувањето". На почетокот од своето истражување д-р Тодоровски, еден од нашите најеминентни авторитети за тој историски период, наведува дека Власите "мошне активно се вклучија во ослободителната војна уште од првата година". "Ретки беа документите од тоа воено време, каде што Власите не се споменуваат како борци и соработници во органите на борбата, како учесници во партиските организации на КПМ, во младинските групи, во нелегалните органи на новата власт" - пишува Тодоровски, додавајќи дека Манифестот на АСНОМ од 2 август 1944 Власите ги бележи на прво место, пред сите други заедници. Дури и пред Србите!
(Битолски6 Април, 2007 - 16:53 | избриши | одговори)
#

Ова што го нашиша Македонците, пак - оние од словенско потекло - од страна на Власите се нарекувани Вургари или Вулгари, исто како што Грците го именуваат доминантниот македонски етникум со Вулгарис е уствари тоа што ние неколкумина овде го тврдиме дека во историските сведоштва сегде каде се користеле тие изрази означуваат словени, а не Бугари. А за потрклото на зборовите исто може да се продискутира.
(Spartak6 Април, 2007 - 17:40 | избриши | одговори)
# Списокот со Македонците Власи е побитен мислам.ЛазоКолишевски, Киро Глигоров, Коневски....краj немаат овие
(Битолски6 Април, 2007 - 17:52 | избриши | одговори)
# Спарти, ти имаш най-дебелата южняшка глава във вселената (даже може да се каже "шопска", ма айде, да не те обиждам!)Тия, дето твърдите дека "българи" е синоним на "славяни"... ходете го кажете на руснаците това! Или на сърбите! Защо никой никога в никое време не вика на сърбите "бугари", а Спарти, що не помислиш по това? Гърците викат на македонците "вулгарос"... познай защо...хайде да те видиме, можеш ли да познаеш? Що не ви викат "поляци"...нели и те са славяни? М? Я не ме ядосвай - немой само глупости да велаш!
(Ne e vajno6 Април, 2007 - 18:09 | избриши | одговори)
#

Спартакоски - абе кажи му на Донски първо да реши кое от двете е верно - или българите никога не били наричани българи, или славяните винаги били наричани ......българи Smiling:)Smiling:)Smiling:)Smiling:)Smiling
(bansko6 Април, 2007 - 19:47 | избриши | одговори)
#

Ај сега Донски
Гледаш дека чоеков е влашки зет
(Spartak6 Април, 2007 - 20:19 | избриши | одговори)
#

Сериозно? Ц ц ц ц, влашки зет? Е не, не може да бъде! Smiling:)Smiling
А дали пие и бира? Smiling:)Smiling
(bansko6 Април, 2007 - 20:32 | избриши | одговори)