сабота, 23 јуни 2007

Пусти полави

Не ми е јасно една работа. Kako moже после неколку години поплавување, сеуште дождовите да не изненадуваат. Додуше и не беа баш некои дождови. Незнам за Жилче и другите Тетовски села, ама за Илинден, Петровец и околните нивни села...? Па што се правеше летово? Зашто ниту едно каналче што ги опкружува улиците не беше очистено? Зарем булдужерот што го прати Манасиевски, мораше ли тука да го губи времето? Тие каналчиња не ли можева летово да си ги очистат самите селани? Разбирам за големите канали кои се за наводнување и кои се во ресор на министерството за земјоделие или некое друго. Ама овие маливе...? Летово бев во една од републиките ни бивши. Пристигнав на 30.Јули, баш кога времето беше толку топло што неможеше да се диши. Утрото негде околу 5:30 часот се разбудив и погледнав надвор, кога гледам човек надвор веќе навелико се забавља со лопатата. На мое прашање што прави, ми одговори дека немајки во моментот друга работа околу имотот, а да не му пропадне денот од вруќината, излегол и ги прочистува каналите околу улицата(додека сонцето не припекло). А во каналите ниту ѓубре, ниту земја. Само трева што израснала. Е драги мои согрѓани од Скопската ни околија. Додека вие спиете и го гледате само имотот одвнатре, а не и од надвор, поплави ќе има. Затоа, што побрзо Ви се разбуди свеста, тоа побрзо ќе се реши и проблемот.
-->

1 коментар:

Spartak рече...

# ма не мора да чистат ако мислат дека не е нивно, доволно е да не ФРЛААТ што стигнат !
(istok10 Јануари, 2006 - 13:58 | одговори)
# Спартак, до сега не се бараше име и лозинка. Не можам да го изменам мојт блог? Како?
(крап3 Мај, 2006 - 20:03 | одговори)
# Не е ништо. Само ти впиши си го името и пасвордот на местата каде што ги бараат а тоа се: на твојот блог па најгоре над името до МОЈОТ БЛОГ или на првата страна http://blog.com.mk Јави што си направил.
(Spartak4 Мај, 2006 - 07:48 | одговори)
# Го решив проблемот.Благодарам.
(Krap7 Мај, 2006 - 20:33 | одговори)