Ова навистина добро се разви. Додуше на блогот кај Јанче али нема везе. Има разноразни коментари. А навистина сум човек кој знае што ќе се случи. Знаев со појавувањето на Шапард (или Вуна, и така се представува) на ТВ дека самиот ќе се дескредитира. Сите го видоа како изгледа и на која возраст е, и тоа му се врати како бумеранг. Кога го видоа дека уште брада не му пораснала, веќе сватија дека размислувањата му се пребалави. Јас додуше ниту еден текст не му имам прочитано во целост од проста причина што е малку досаден. А во последниов веќе е малку и забеган. Забеган во национална смисла. Па добро бе дете, ти со своите 18 години, кажи ми каде, кога и од која причина си бил потценет или угнетен. Па ти си пребалав да го тоа доживееш. Единствено ако во училиште не те нарекле влафче или слично. А тоа и не е страшно. Зарем се срамиш од своето потекло? Или пак тоа било некое искуство од твоите родители? И тоа не верувам. Затоа ќе ти порачам една работа: Терај даље и не трескај нешто во што немаш благе везе. Ах, да. Вуна(што значи волна на српскохрватски) кај нас има значење на страв. Кога ќе си исплашен, тогаш ти викаат: Вуна,а?Вуна. Ова требаше Јанко да ти го каже. А прашеј го и татко ти. А и на Јанче би му порачал нешто. Кога ќе напишеш некој пост, и мерак ти е да имаш на него што поголема читаност, немој тебе кога ќе ти се присака да ја исклучиш опцијата за пишување нови коментари. До толку ли сакаш твојот збор да е последен? Па нека е, само треба да е прав зборот. Или и ти почнуваш со цензурирање,а? Ќе направиш беља, па магла после. Ова мислев да е еден вид коментар во твојот пост, но ти си направил КВРЦ, нема више. Ако продолжиш со ова искуство, ќе биде кврц засекогаш, никој нема да те чита.
Ах, на крај и втората сликичка.
1 коментар:
# е ногу убаво направено саа ке те ставам во блог пријатели
(DiEseL14 Март, 2006 - 10:12 | избриши | одговори)
# Е баш ти благодарам.
(Spartak14 Март, 2006 - 14:12 | избриши | измени | одговори)
# ““““Јас додуше ниту еден текст не му имам прочитано во целост од проста причина што е малку досаден.“““““ Не ме разбирај погрешно, ама како може да се коментира нешто за некого, а да не го читаш. Јас не знам ни кој е дечкотп што го зборите ама ми падна во очи твојот коментар. :)
(Jakov16 Март, 2006 - 11:07 | избриши | одговори)
# Точно така. И некако ми се разликува начинот на пишување. Не му е секогаш во ист стил.Прочитај негде негов коментар каде ќе сретнеш. Како да пишуваат различни личности.
(Spartak16 Март, 2006 - 12:50 | избриши | измени | одговори)
# Здраво Спартак. Благодарам на пораката и промоцијата на мојот блог. И јас те ставив во блог пријатели. ПоздраВ!
(makedonche16 Март, 2006 - 16:17 | избриши | одговори)
# И јас пишав за ова - Ода за незнајните глупаци.
(кнсис6 Мај, 2006 - 01:57 | избриши | одговори)
Објави коментар