- Наспроти небулозните тврдења на нашите бугаромани дека античките Македонци биле Грци, најистакнатите бугарски историчари децидно потврдуваат дека античките Македонци биле различен народ од Грците!
- Териториите на денешна Бугарија и на Грција долго време се наоѓале под македонска власт!
Во овој напис ќе презентираме податоци, според кои, ќе видиме дека за најистакнатите бугарски историчари нема никакви дилеми дека античките Македонци биле Грци. На ова ме поттикнаа два скорешни моменти.
Првиот момент е неодамна објавеното писмо во Македонско Сонце од бугарската државјанка Десислава Минчева од Софија, во кое таа, негирајќи ја македонската нација, помеѓу другото, тврди дека античките Македонци биле - Грци (!?).
Вториот момент се малубројните македонски бугаромани, кои го тврдат потполно истото. За овие јаничари е сосема разбирливо што за негација на македонската нација тие ги прифаќаат и великобугарските и великогрчките хипотези. Ваквото нивно однесување воопшто не ми е чудно (треба да се заработи за лепче... пардон - за левче!), а кутрите барем во полемиките што ги имаа со мене, гледам дека немаат поим од бугарската (т.е. сопствената) историја и етногенеза, а се прават поголеми Бугари од Бугарите. Просто човек да не знае дали да ги осудува или да ги жали.
Но, горенаведената госпоѓа (или госпоѓица), како бугарска државјанка, барем требала да го знае тоа што го пишуваат истакнатите бугарски историчари во врска со античко-македонската историја.
ПРОФ. АНГЕЛОВ ПИШУВА ЗА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ
Во контекст на сето ова предлагам да го спомнеме еден од најпознатите бугарски историчари Проф. Д-р Димитар Ангелов.
Во неговиот обемен труд Образуване на бÍлгарската народност, (Софија, 1971), овој историчар ја опишува етногенезата на бугарскиот народ. Како прв етникум од кој е составен бугарскиот народ, тој ги споменува Тракијците, како први познати жители на Бугарија, за кои постојат пишани податоци.
Опишувајќи ги соседите на Тракијците, на стр. 50 од својата книга, Проф. Ангелов, сосема јасно ги опишува античките Македонци како западни соседи на Тракијците. Притоа, тој ги опишува античките Македонци како најдоминантно население во Македонија (заедно со Пеонците, кои подоцна се претопуваат со античките Македонци). Во врска со ова Проф. Ангелов пишува:
На југ соседи на Тракијците биле Елините... На запад Тракијците граничеле со редица илирски племиња, кои во И век п. н. е. го населувале целиот северозападен дел на Балканскиот Полуостров... Западни соседи на Тракијците биле и редица македонски племиња, кои во првото илјадалетие п. н. е., населувале голем дел од денешна Македонија и кои во В. век п.н.е. создале една прилично силна држава, чиј прв владетел бил Пердика. Во однос на етничкото потекло на Македонците, постојат различни мислења. Некои истражувачи сметаат дека тие биле Грци или сродни со Грците, но поверојатно е да се прифати мислењето според кое тие биле самостоен етнос... Освен македонските племиња, западни соседи на Тракијците биле и пеонските племиња, кои во првото илјадалетие п. н. е. исто така населувале еден дел од Македонија (подвлекувањата се мои, з. м.)
Значи, Проф. Ангелов, спомнувајќи го фактот дека Тракијците претежно живееле на територијата на денешна Бугарија, ги споменува и Македонците како нивни соседи и за истите сосема оправдано тврди дека не биле никакви Грци.
Имајќи го предвид огромниот углед и авторитет што овој професор го ужива во Бугарија, неговиот став може да се смета и како официјален став на бугарската историографија. Со ова македонските бугаромани, којзнае по кој пат, се ставени во трагикомична состојба - истовремено ја величаат (но и негираат) официјалната бугарска историографија (барем кога е во прашање етничката засебност на античките Македонци во однос на Грците).
Инаку, во продолжение на својата книга (стр. 52 и 53), Ангелов дава децидни податоци во врска со бројната состојба на Тракијците, за кои децидно повторува дека живееле претежно на територијата на Бугарија, како соседи на Македонците:
Се претпоставува дека во периодот на завладувањето на Балканскиот Полуостров од страна на Римјаните, бројот на Тракијците во балканските земји ја достигнал бројката од околу 900.000 души. Притоа поголемиот дел (околу 600-700.000 души) ја населувале областа на југ од Стара Планина, додека на територијата помеѓу Морава, Дунав Црно Море и Стара Планина, живееле околу 150-200.000 души.
ГРЦИЈА И БУГАРИЈА БИЛЕ ОКУПИРАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Од овој податок може да се извлече заклучокот дека дури и ако имало Тракијци во Македонија, нивниот број бил незначителен во однос на огромното мнозинство Тракијци во Бугарија, посебно во периодот до римските навлегувања на Балканот (но и подоцна). Впрочем, за ова сведочат и бројните македонско-тракиски војни од тие времиња, а сето ова претставува значаен податок во утврдувањето на етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите, штом уште во тоа време во овие две земји живееле различни етникуми.
Тракиско-македонските војни детално се опишани во повеќе бугарски книги. За оваа прилика ќе ја споменеме книгата ИсториÔ на БÍлгариÔ (Софија, 1954 год. Прв том), во која исто така се опишани овие војни. На стр. 28, од оваа книга пишува:
Распаѓањето на Одринското царство во голема степен ги олеснило дипломатските и воени походи на Македонците, и тоа најпрвин, источно од Места, а потоа и во земјите помеѓу Егејот, Балкан и Црно Море (без Византија). Завојувачката дејност на Македонците во времето на Филип ИИ во нашите земји се развивала напоредно со извесна колонизација и градежна дејност... Но македонската власт во Тракија... не пуштила и не можела да пушти длабоки и стабилни корени. Уште по смртта на Филип, неговиот син Александар Велики, пред да го почне походот на исток,бил принуден да ги смирува тракиските племиња во денешна северна Бугарија. Но, ниту операциите на Александар во денешните бугарски земји не можеле трајно да го скршат отпорот на слободољубивите Тракијци против македонските завојувачи. Големото востание на Тракијците против Македонците (330-331 год.), било толку значајно, што им дало сигнал и на Грците да востанат против Македонија и им создало сериозни грижи на оние македонски военоначалници, на кои Александар им ја доверил воената администрација на своите балкански владенија...
Во продолжение на оваа книга е спомната бруталноста со која Македонците владееле во окупираната, од нив, тогашна територија на денешна Бугарија. Во врска со ова пишува:
Бруталниот режим, востановен и поддржан во нашите земји од страна на Лизимах, кој бил еден од генералите на Александар, ги направил македонските завојувачи уште поомразени, не само среде домородното тракиско население, туку и среде грчките колонисти по крајбрежјето на Тракија.
Значи, не само што и овде античките Македонци се јасно издвоени од Грците (а така е и во други бугарски книги), туку гледаме и дека помеѓу нив постоела голема омраза. Омраза постоела и помеѓу Македонците и Тракијците, како доминантни етникуми во Македонија и во Бугарија. Исто така од досега изложеното видовме дека тогашните жители на Бугарија и на Грција, одвај успеале да си ги ослободат своите земји од окупацијата што им ја наметнале Македонците, што е дијаметрално спротивно од денешнава состојба.
Ваквата етничка различност во Македонија и во Бугарија продолжила и до периодот на Големата преселба на народите. Во овој период Римјаните почнале (посебно во Бугарија) да населуваат припадници на други небалкански племиња. Сепак, во периодот на Големата преселба на народите, с# уште најдоминантни жители во Македонија биле античките Македонци, а во Бугарија - Тракијците (без разлика што и од едните и од другите имало елинизирани и романизирани елементи).
Подоцна Тракијците на територијата на денешна Бугарија биле жестоко тероризирани од Римјаните, а потоа и од Бугарите (Бугаро-азијатите). Сепак, според денешната бугарска историографија, Тракијците подоцна се претопиле со Бугаро-азијатите и со т.н. бугарски Словени (Анти), создавајќи ја на тој начин етничката основа за денешната бугарска нација.
Но, според други тврдења оние Тракијци, кои не се претопиле во бугарската нација и денес живеат во Бугарија како компактна етничка целина.
1 коментар:
# Види богати. Па и овие нешто арно да кажат.
(Spartak2 Јуни, 2006 - 14:51 | избриши | измени | одговори)
# Овие бугариве стварно имаат конфузија со самите себе.Сакаат и нас да не убацат у овие гомна.
(Krap10 Јуни, 2006 - 10:21 | избриши | одговори)
#
Дали са били гърци той Херодот се е произнесъл но че са били педери е сигурно.
http://www.androphile.org/preview/Library/Biographies/Alexander/Alexander.htm
Ха честито ви потомци
(elemag7 Ноември, 2006 - 11:15 | избриши | одговори)
#
Здравейте на всички !
Снощи се върнах и днес бързам да видя какво ново има тук.
Гледам нови писания ,но със старите съдържания.Жалко!
Бях в Ковънтри и трябва да ви кажа ,че едвали има по-големи расисити от днешните англичани.Бях свидетел как шофьор на автобус извика полиция ,само защото на една спирка се качи един сикх.Човека е с чалма ,традиция им е,но те явно го взехаза потенциален терорист и го претърсиха здраво.После правиха проверка на документите и тъй като бях единственият друг чужденец ,трябваше доста да обяснявам какво правя в Англия, защо съмсе качил точно на този автобус и какво е съдържанието на помпичката ми против астматичен пристъп.Даже се наложи да демонстрирам употреба ,без нужда...
Иначе тук разговарях в един МакДоналдс с две студентчета от Прилеп. Добри македончета - цяла лекция ми изнесоха в рамките на 15 минути аз какъв съм точно и защо говорим близки езици, които според тях бяха нищо по-вече от ....различни македонски! наречия.....Е, аз не им останах длъжен и се получи шумна "балканска" беседа.Персоналат естественно ни предложи да си довършим разговора другаде.Македончетата , Славко и Звонемир, ми предложиха да отидем в едно сръбско заведение.Там на чаша английска бира и чебапчета успяхме да постигнем някакъв компромис и вече на трета халба почнахме заедно да пригласяма на музикалният фон ,сръбска песен естественно!
Хубави момчета!Накрая почти се разплакахме при раздялата!
Нещо много важно искам да отбележа - нито аз , нито те употребявахме каквито и да са обидни квалификации един за друг!
Мисля ,че така е редно да разговаряме и тук!
(rustcuk7 Ноември, 2006 - 11:16 | избриши | одговори)
# Абе и тоа дали Болгарите биле Болвари или Вошкари уште постои дилема, ама дека биле туранско монголско племе, тоа е со сигурност потврдено. Е сега сите оние кои денес се сметаат за наследници на туранците можат да се нарекуваат Бугари или ако повеќе милуваат Татари или Чуваши.
(Van 4o7 Ноември, 2006 - 13:54 | избриши | одговори)
#
Ужас за сръбските подлоги,бьлгарски гвардейци в Македония http://www.standartnews.com/images/leading_pics/leading_1737_bg.jpg
(panagurec7 Ноември, 2006 - 21:00 | избриши | одговори)
#
Гробарите ги покажуваш? Како муслимани чучнале. Македонија е демократска земја. А не болварија што не дава своите граѓани да одадат панихида и почест на гробот на Јане Сандански.
(Spartak7 Ноември, 2006 - 21:39 | избриши | одговори)
#
Трала ла ла лаааа
Спартак како е другар...?
Гледам пак ти се залепиле КРЧЕЖИВЕ
Ако де...
Играј си ти тетрис со БУГАРЧИЊАТА
Остај малку и за мене
Досадно ми е
хехе
поздрав
(sting EYE7 Ноември, 2006 - 21:53 | избриши | одговори)
#
Поздрав стинги
Веќе прејде во монотонија. Едно те исто го гуглаат.Имаат неколку текста и неколку коментари и тоа, па тоа. Ко слеп за стап.
(Spartak7 Ноември, 2006 - 22:04 | избриши | одговори)
#
Да ,да.....Постоянната липса на аргументация за защита на собствените тези , явно е довела господа македонските блогери до онова състояние на духа известно като "умствена левитация" или както казват руснаците "они сошли с ума".
Разминаването на риторика и фактология ,което е парманентна линия, води до очебийното бягство към масово използване на ниско културни и алитературни епитети от страна на нашите домакини тук.
Хубаво е че има исключения , но те само потвърждават правилото.
(rustcuk7 Ноември, 2006 - 23:01 | избриши | одговори)
# Не заостануваат ни твоите замјаци. А ни ти богами, иако тоа го искажуваш во позавиена форма. А се сеќавам и на друг вид на вокабулар од твоја страна.
(Spartak7 Ноември, 2006 - 23:11 | избриши | одговори)
#
Относно правилото или относно исключението? Дефенирай се.
(rustcuk7 Ноември, 2006 - 23:19 | избриши | одговори)
# Јас сум Македонец и не се двојам од Македонците. Во овој случај, Вие сте натрапници и напаѓате со секакво оружје. Ти сакаш да ја играш играта на добар и лош полицаец, а забораваш дека полицаец си е полицаец.
(Spartak7 Ноември, 2006 - 23:25 | избриши | одговори)
# Абе тях ще ги дефинират албанците и то много скоро! така ще ги дефинират , че както беше казал Христо Чернопеев на емблематичния македонски селянин Дилбер Танас във филма "Мера според мера" : " Крв ке серат!"
(Dialog7 Ноември, 2006 - 23:26 | избриши | одговори)
#
Спартак,
Абе ти много на сериозно се вземаш тука. Релакс бе момче! Интернет е за разтоварване от ежедневната битка с живота. Ако и тук вземем да се товарим....Абе ти колко години мислиш че ще живееш? Мене ми се струва че и в Скопие имате по един живот.Да не сте котки я....
Аз искам да си прекарвам времето тук в интересни беседи и спорове.Да научавам нови ,или поне различни неща.
А всъшност това тук е обърнато на мини бойно поле.
Сега сигурно ще се повториш с това да се изнасяме от вашата "интернет територия". Да ,ама това хич не ми звучи в синхрон с идеята наречена "интернет".
Колкото до полицая и вариациите му....абе ти си знаеш!
(rustcuk7 Ноември, 2006 - 23:32 | избриши | одговори)
#
ај дефинирај..
се..
http://ufagen.ru/bashkir/shejere_bash/tarikh_bulgar/
(anaveno7 Ноември, 2006 - 23:33 | избриши | одговори)
#
Не рабрав што сакаше да кажеш со полиција и сл.
Ова не е тема за ширење на пријателство. Со обичните теми се шири пријателството. А можевме да се спријателиме.....
Бај ди веј.... Каде е теодор. И него го снема. Smiling
Поздрави го од мене. Eye-wink
(Spartak7 Ноември, 2006 - 23:36 | избриши | одговори)
#
Спартак,
Немисля ,че не ме разбираш.Показа че владееш добре български ,дори и като компилация.Нали "баш...."?
Колкото до темата "полицай" ,ами цитирам теб-"Ти сакаш да ја играш играта на добар и лош полицаец, а забораваш дека полицаец си е полицаец."
Е, а аз просто ти отговарям. С недомлъвки.Също като теб.
(rustcuk7 Ноември, 2006 - 23:43 | избриши | одговори)
#
ха ха ха
Знам дека те мачи да дознаеш кој е Баш блгарин. И јас сакам да знам. Јас несум. Грешка си.
(Spartak7 Ноември, 2006 - 23:53 | избриши | одговори)
#
Че кой говори за "Баш блгарин"?
Ти май гузен негонен бяга , а? Нали я знаеш приказката за мухата и капата?
Аз просто те споменавам като БАШ , тоест самоприемащ се за лидер на македонското блогерство тук.
А ти? Да,да.....Сетих се една китайска поговорка:
"Ти отрече.Аз ти повярвах.Ти повторно отрече.Аз се замислих.Ти потрети.Аз разбрах ,че ме лъжеш"
(rustcuk7 Ноември, 2006 - 23:57 | избриши | одговори)
# Очигледно не говориме на ист јазик и не се разбираме. Твоето Баш... го разбрав како Баш Блгарин. Не сум те разбрал. Sorry.
(Spartak8 Ноември, 2006 - 00:04 | избриши | одговори)
#
Така е.Ти казваш "очигледно".Аз казвам "очевидно"
Има разлика между това да гледаш и това да видиш.Нали?
Защото можеш да гледаш , но без да виждаш!
Лека нощ! При нас минава 24 часа. Утре съм на работа .
Командировката свърши....Добрата стара Англия , си е ....добрата стара Англия!
(rustcuk8 Ноември, 2006 - 00:08 | избриши | одговори)
#
Твоето последно да биде, нели?
За мене не се секирај. Јас гледам, но ти гледаш она што сакаш да го видиш.
(Spartak8 Ноември, 2006 - 00:12 | избриши | одговори)
#
сврши....командировката....
(org8 Ноември, 2006 - 00:14 | избриши | одговори)
# До кога ще се разправяме като цигани на пазар едни с други? Смеят ни се и сърбите и гърците , и албанците и всички комшии!
(Грамос8 Ноември, 2006 - 00:15 | избриши | одговори)
#
Кој се смее подолго живее! Smiling
Што имаш ти против смеењето?
Smiling
(Аминта8 Ноември, 2006 - 13:33 | избриши | одговори)
# Абе древни македонци не съществуват, те са си били чисти гърци, за разлика от сегашните заселници на запад от България, които от своя страна са си чисти БЪЛГАРИ, отделени от пределите на страната от Берлинският мирен договор след Руско-турската освободителна война. За доказателство на тези аргументи има много исторически извори и артефакти които така нареклите се македонци упорито отричат и избягват, за да продължат илюзията зародена в тяхното съзнание още през 1888 година от Йохан Цвич, че те са потомци на гърците и че ние, българите едва ли не сме ги окупирали в продължение на около 2000 години, което принципно и практически е невъзможно. Само ако помислят логично ще разберат, че теорията на сърбите за тази безмислица е направо абсурдна.
(TheRipper^12 Февруари, 2007 - 22:47 | избриши | одговори)
#
TheRipper^
Зборуваш глупости.
Докази има полно. Меѓу останатите се тие дека античките Македонци биле неписмени. А го освоиле пола свет. Завршува периодот на романтичната историја. Доаѓа фазата на историја поткрепена со докази.
(Spartak12 Февруари, 2007 - 23:11 | избриши | одговори)
# 4Ц е.Ке мислат у шифри ти зборам да не разберат комшиите.хаха
(cOOOkbOOOk13 Февруари, 2007 - 00:28 | избриши | одговори)
# Дори и гръцки учени, не всички, не твърдят, че античните македонци били гърци ! Друг е въпросът, че Александър и македонската аристокрация, приели гръцкия език и гръцката култура, като свои. Така поставили началото на погърчването на античните македонци. Тази част, която не се погърчила, приела римската култура и език, по времето на римляните. Техни потомци са цинцарите, разселили се от планината Грамос по целия полуостров ! Това е мнението на румънската историография !!?? Какво е останало и дали е останало, за да се смеси със славяните, които дошле 900 години по късно, Господ знае....Според некои историци антични македонци били преселени от византийците пред Константинопол, в Източна Тракия, за да зашитават столицата от варварските нашествия през 6-ти век! И от тогава тази област започнала да се нарича Македония ! И така в продължение на неколко века ! Затова и БазилеосІІ Булгарооктонос произхождал от Македонската династия, защото е роден в Аркадиопол/ днешния турски град Люлебургас / Поздрави, но май отново коментираме стара тема...
(тото13 Февруари, 2007 - 16:36 | избриши | одговори)
#
Василий II Булгароктон е роден в Константинопол в т.н.Червена стая като законен наследник на империята.Неговия дядо Василий I Македонец е роден в Одринска Тракия/тогава тема Македония/в семейство на етничски арменци.Колкото до Александър династията от която произхожда/Аргеади/ е от гръцки произход,благодарение на който един от неговите предшественици Александър I Филелин е допуснат до участие в Олимпийските игри като комисията която разглежда неговия случай и след предоставените от него аргументи се произнася в полза на елинския му произход/спр.Херодот/а и майката на Александър III Велики Олимпиада е дъщеря на епирския владетел т.е.гъркиня и така ,че и майчиния му език е гръцки.А фиромете нека си фантазират никой не ги бръсне и за слива.
(elemag14 Февруари, 2007 - 07:57 | избриши | одговори)
# Бугари и Македонци и Власи и власти Во врска со оваа енигма разговаравме со двајцата најекспонирани репрезенти на влашкиот етнос во Македонија, претседателот на Унијата на Власите Димо Димчев и шефот на Партијата на Власите Митко Костов-Папули. Обајцата се пожртвувани прегорци за влашката кауза во Македонија, меѓутоа одбиваат секаква помисла дека се борат за интересите на Романија. - Романците и Власите се како двајца браќа кои си формирале одделни куќи - вели Костов-Папули. "Нашите јазици се слични, ама не се исти. Нас како партија не нe интересира Романија. Ние само сакаме да бидеме мост на соработка помеѓу таа земја и Македонија." Димо Димчев е уште поригорозен. "Во Македонија има и такви Власи кои често престојуваат во романската и грчката амбасада. Ние остро се противставуваме на таквото дејствување и ја застапуваме тезата дека Власите се автентично и најстаро население во Република Македонија", вели Димчев. Разговорите со овие двајца не можеа а да не ја допрат темата за таканареченото "влашко лоби", иако Власите не се одушевени кога се употребува тој речник. Папули ни ја врачи Декларацијата на неговата партија по повод двегодишнината од основањето на Партијата на Власите, во која се поставува прашањето: "Дали ние денес ќе може да ја поправиме грешката на една мала, но мошне влијателна група Власи, која го наметна своето мислење по НОБ дека нема потреба да се отвораат училишта на влашки јазик и да се создава влашка православна епархија?" Лидерот Митко продолжува во ист тон: "Факт е дека повеќето Власи инклинираат кон СДСМ и ние преку таа партија сме успеале да реализираме дел од нашите барања. На пример, поранешната министерка за образование Емилија Симоска во 1995 ни овозможи да отвориме курс за професори по влашки јазик, 43 на број, кои потоа станаа апостоли на ревитализацијата на влашката култура по пат на изведување факултативна настава во основните училишта. Но тоа е премалку. Ние сме имале многумина Власи во редовите на поранешната социјалистичка и денешната власт, ама тие не сториле речиси ништо за влашкиот народ. Тоа се нашите фарисеи", протестира Папули, најавувајќи дека ќе побара смена на социјалдемократот Коста Прешовски од Комитетот на заедниците и поставување свој човек во тој ембрионален Дом на етносите во македонското Собрание. Приказната за т.н. "влашко лоби" е неверојатна. Кога ќе погледнете кој сe бил во органите за управување од овој етницитет, ќе останете вчудовидени. Го замоливме Димо Димчев да ни каже кој, освен Милтон Манаки и Хари Костов, бил Влав во досегашните влади, но и во другите јавни области, како што се науката, уметноста, лингвистиката, историјата, правото, итн. Димчев наредува: "Пиши! Како прв, Лазар Колишевски бил Влав по мајка. Откако останал сирак, го зеле тетките по мајчина страна - битолски Влаинки - го вдомиле во кралското сиропиталиште, а потоа го пратиле на училиште во Србија. Натаму, Власи се: Ѓорѓи Цаца, Ката Лахтова, Кочо Битољану, Васил Влашки, Дучо Кранго, а по мајка Влав е и Киро Глигоров. Влав е и командантот на македонската НОВ Михајло Апостолски, како и дузина познати повоени генерали (некои од нив и со црногорска крв, н.з.). Од пратениците Власи се: Елеонора Петрова, Борис Кондарко, Сашо Дохчев, Јани Макрадули (мешан Грко/Влав), потоа министерот, заменик-министерката и државниот секретар за култура Стефановски, Корнети и Тозија, како и ексминистерката Емилија Симоска; во скопските села има влашка фамилија Бучко, така што можеби и Бучковски е Влав од некоја страна. Од академиците Власи се Никола Мартиновски, Харалампие и Момир Поленакович, Михајло Петрушевски, Таки Фити, Ѓорѓи Чупона... Блаже Конески, творецот на македонскиот литературен јазик, одлично зборуваше влашки. Новиот претседател на МАНУ Цветан Грозданов по баба е од Јанина. Од сферата на стопанството најпознат Влав е Штерјо Наков, неговата заменичка во Фершпед Кираца Трајковска, Нако Наков од Годел, Панде Лазаров од ЕСМ, Јорго Куќа - ОХИС, како и многумина помалку познати економисти, каков што е Сашо Манаковски од Македонската банка за развој, кој е сопруг на директорката на МРТВ Гордана Стошиќ." Кога сме кај новинарството, да споменеме уште некое еминентно журналистичко влашко име: Чомовски - А1, Колемишевски - екс-Нова Македонија, Столе Наумов - Канал 77, Љупчо Зиков - Капитал... Доволно е или уште да редиме? Стерјо Зиков од скопското обвинителство, Зоран Верушевски од ДБК, Драгољуб Арсовски од Комерцијална банка, грст крупни градоначалници, владиката Наум, па и Зоран Вранишковски итн. итн... Да не ги спомнуваме оние кои станале зетовци во влашки фамилии, како Никола Поповски - Дика (како, впрочем, и потписникот на овие редови). Кога ќе се погледне овој импресивен список, на човек му иде да поверува дека во Македонија има не 10, ами 100 илјади Власи, токму како што тврди Димо Димчев. Телото добива глава На 15 септември минатата година во скопското кафуле Медиум се одвиваа интересни настани. Голем број декларирани противници на претходната власт се собраа таму за да го прослават падот на Љубчо Георгиевски (меѓу нив, на пример, лица од Меѓународната кризна група и од Фондацијата СОРОС). Неколку часа по обзнанувањето на изборните резултати, во локалот дојдоа еуфорични социјалдемократи, чиј предводник гордо провикна: "Ги прегазивме Бугариштана!" Ако се потсетиме на изјавата на Мите Папули, дека Власите ја преферираат левата политичка опција, се наметнува прашањето постои ли основа да се претпостави дека партискиот поларитет, опредметен во лицето на СДСМ и ДПМНЕ, има во себе и некаков скриен етнички бекграунд? Зошто оној човек во Медиум за изборно поразените го употреби погрдниот аугментатив "бугаришта"? Од разговорите со Димчев и Папули научивме една мошне интересна работа. Во семејствата во кои дома сe уште се зборува влашки, терминот Македонци или "Мачедон" е резервиран за Власите и тие себеси се нарекуваат Мачедо-Ар'м'н. (Така дури сакале да бидат именувани во Преамбулата на Уставот.) Македонците, пак - оние од словенско потекло - од страна на Власите се нарекувани Вургари или Вулгари, исто како што Грците го именуваат доминантниот македонски етникум со Вулгарис. Зошто е тоа така - не навлеговме во подетални анализи. Но, се создава помисла дека Власите (без оглед дали се декларираат како такви или како Македонци) во однос на мнозинското словенско население имаат зачувано некакво скришно сознание за нивната некогашна припадност, која пак како да ја сметаат за противставена на сопствениот национален интерес. Прифаќам дека сево ова може да биде шпекулација. Впрочем, има Власи и од десната страна на македонскиот политички спектар - пример: Љубиша Георгиевски. Меѓутоа еден научен труд, објавен во Зборникот од научната конференција "Власите на Балканот", поттикнува слични индиции. Во прашање е трудот на историчарот Глигор Тодоровски насловен како "Борбата на Власите за еманципирање непосредно по ослободувањето". На почетокот од своето истражување д-р Тодоровски, еден од нашите најеминентни авторитети за тој историски период, наведува дека Власите "мошне активно се вклучија во ослободителната војна уште од првата година". "Ретки беа документите од тоа воено време, каде што Власите не се споменуваат како борци и соработници во органите на борбата, како учесници во партиските организации на КПМ, во младинските групи, во нелегалните органи на новата власт" - пишува Тодоровски, додавајќи дека Манифестот на АСНОМ од 2 август 1944 Власите ги бележи на прво место, пред сите други заедници. Дури и пред Србите!
(Битолски6 Април, 2007 - 16:23 | избриши | одговори)
Објави коментар