сабота, 23 јуни 2007

Јанко и Игор

Јанко ми е забавен. Понекогаш е несмасен, но во ред е човекот. Наше Скопско дете. Меѓутоа знае и да забега. На пример вчера (петок, 25.03.2006), гостин му беше Игор Џамбазов. Добар гостин.Забавен гостин. Отпрвин малку стегнати (што е нормално) но после се поодпуштија. А би рекол и премногу. Почнаа и понекоја вулгарност да исфрлаат. Педерчиња, буљаши и слични глупости. Ајде Игор, целиот е во мешаница. Од негова гледна точка, сите кои не му дале пари му се виновни за неговата мешаница во живитот. Ама наш Јанко Илковски го прифати речникот и кога му ја разврзаа, небаре се нашле у Жена Парк и грицкајки семки со ногата навалени на една клупа си евоцираат спомени од младоста (а јас мислам дека они воопшто не се познавале порано). И во тој ритам вадат зелени од ракав и трескаат глупости. Малку се подзанесоа. И ајде сето тоа, во еден момент Јанко го прашува својот гостин за кого вели дека го знае од периодот додека бил во брак со Искра,( пак ке кажам, не го познавал ни тогаш) како тоа недобил желба да има детенце?? WOW! Која глупост. Леле Јанко. Па нели сте другари.Ке знаеше зошто. Па се прашува ли тоа пред ТВ камери?  И што сега? Го натера да си ги спомнува сперматозоидите. Дали прашањето му излета од преголемата опуштеност зачинета со РЕД БАТ, или од дирктноста и големината на Игор и Јанко навистина си помисли дека долго се познаваат и дека се во Жена Парк во опуштен и неврзан мусбет. Јас немам мислење дека Јанко случајно го треснал прашањето, или можеби грешам. Па би го запрашал, дали тоа прашање беше договорено?

1 коментар:

Spartak рече...

# Aха..ахаха.
(Мрче26 Март, 2006 - 20:51 | избриши | одговори)