сабота, 23 јуни 2007

ПТИЧЈИ ГРИП

Ај пуст да е, пуст да би останал кој го извади и го пушти вирусов во светов. Пред две три години кога се појави во Азија, никој, ама баш никој не го есапеше тоа  што се случува таму негде во светов и која е причината што умираат луѓе. Си мислевме дека далеку од очите, далеку и од срцето. Ама небило така. Еве ѓаволот тропна и на нашата врата. И ние што направивме (Европјаните)? Почнавме да се растрчуваме лево десно барајки лек. И слушаме разноразни известувања и разноразни извештаи. Последен што прочитав во еден од дневните ни наши весници беше следново. За да ја покачи продажбата на својот весник спремни сме да напишеме се и сешто, па дури и по цена на покревањето на паниката кај луѓето. Во статијата пишуваше дека вирусот почнал да мутира и дошло до прво заразување на еден цицач, односно куче. Кучето изело некоја заразена птица после кое и тоа се заразило и умрело. Тешка глупост. Би сакал да го запрашам новинарот што е ОН самиот? Во која група на живи суштества спаѓа. Односно, дали луѓето се цицачи? ЕУРЕКААА! Е, мој новинаре, па веќе 2-3 години наназад се заразуваат и умираат цицачите. Тоа ти е стара новост. Мутација ќе беше ако кучето некако заразило друго куче или недајбоже човек. Тогаш е веќе алармантно. Само да се молиме на бога да до тоа недојде. Сметам дека тираж по секоја цена нетреба да се покачува, па макар било тоа и по цена на својата глупост, и по цена на покачување на стравот кај луѓето.

 

Нема коментари: