сабота, 23 јуни 2007 г.
Корупција ли е, или не е?
Навистина ми смета кога ќе дојде некој белосветски човек и ќе каже дека нашево општество е корумпирано. Па како врв од озгора, тој белосветски човек ќе биде Романец. Па и тој ли нашол да ми дели памет? Да, да. Многу ме навредуваат со тие изјави. Е, ама еднаш пробав да размислувам онака од профил (едно време Латас имаше емисија со такво име). И си велам самиот на себе: на лекар кога ќе дадам троа кафе што е тоа? Во болница па недај боже да заглавиш, вискито кај докторите е превазиѓена работа, а недај боже па бомбоњера и вино да однесеш. Што е тоа? Па ај што бараат, туку и ние самите им поттурнуваме, за поарно да го гледаат болниот. А да не спомнувам па случаеви од бизнисот, или со денационализацијата.Типичен пример видовме пред некое време кога еден функционер го робива, па ова професориве на факултетиве, и многу други случаеви. И така размислувајки испаѓа дека јас за џабе сум се љутел. Па луѓето биле во право. Па сето тоа е дел од секојдневното живеење. Абе чоек страв да го фати. Па мора ли така да биде...???
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар