сабота, 23 јуни 2007 г.

ИЛИНДЕН


Илинденската слободарска традиција се вклопи во континуитетот на македонската народноослободителна борба. 
 
Пред сто и три години, на 2 август 1903, беше кренато Илинденското востание, епохален чин во македонското националноослободително движење.  Тоа беше само повод да се разбранат вековно тлеените стремежи на македоснкиот народ, кој наоѓајќи се во османското ропство, веќе пет векови се бореше да се искачи кон пиедесталот на слободата.
Во последната деценија на деветнаесеттиот век во Македонија наполно созреаја општествено-политичките и националноослободитените услови за организационо оформувања на револуционерните настроенија на македонскиот народ. Во 1893 година, во Солун беше создадена македонската револуционерна организација, која во лицето на “Внатрешната македонска револуционерна организација” (ВМРО) одигра голема улога во сплотувањето на македонските маси за извојување на слободата, на самобитната и самостојната македонска држава.  Во период на скоро една деценија оваа организација успеа да ги обедини сите македонски општествени  сили, да ја рашири организационата мрежа низ цела Македонија, да го канализира на правилен пат националноослободителното движење.
Во почетокот на Јануари 1903 година, Централниот комитет на Внатрешната организација, иако за тоа не беше поволна ни внатрешната ни надворешната ситуација на Македонија, а на тоа се спротивставија и видни дејци на оваа Организација, донесе решение да се подигне востание во летото на истата година.  Решението за востание означуваше нова фаза во развитокот на македонското националноослободително движење и пресвртница во неговата историја.
По донесувањето на решението за подигање на востание во сите македонски области, кои ја составуваа историските и географските граници на Македонија, а кои влегуваа во националните окрузи, беа спроведени сериозни поготовки за изведување на востанието.  По извршените подготовки, востанието беше прогласено за 2 август 1903 година, кој ден се паѓа на народниот празник - Свети Илија, по што и самото востание е наречено Илинденско востание.  Востанието ги опфати сите делови на Македонија, а најголем замав имаше во западните делови на Македонија, во Битолскиот вилает.  Тука револуционерните сили беа најбројни и најдобро организирани и покажаа најголем ентузијазам во заштитата на македонската револуција.  Како резултат на тоа малото македонско планинско гратче  Крушево на едно отклонување на железничката пруга Скопје - Прилеп - Битола, беше заземено од востаниците и во него беше формирана слободната македонска република, наречена Крушевската република, која постоеше десетина дена.  Слични акции во создавањето слободна територија имаше и во Охридско, Костурско, Леринско и во другите делови на Македонија.  Тогаш цела Македонија се наоѓаше во востанички пожар.  Тоа траеше скоро три месеци.  Цели три месеци Македонија се наоѓаше во револуционерен бран на отпор и борба за слобода.  Против тој отпор на македонските обесправени маси турската власт концентрира огромни воени сили и во востаничките упоришта беа испратени огромни воени експедиции, кои придонесоа за задушување на македонската илинденска револуција.
          Изразениот стремеж на Македонците во време на Илинденското востание да се здобијат со слобода, покажаниот беспримерен хероизам во текот на востанието, неопишаните масакри на османската солдатеска над незаштитеното население, предизвика силен бран на симпатии и солидарност сред меѓународната јавност.  Епичната борба на Македонците во време на востанието наиде на широк публицитет во печатот.  Преку печатот се рашири интересот сред меѓународната јавност за македонскиот Илинден.  Сето тоа придонесе во меѓународната јавност да се појави цело едно движење во корист на Македонците, таканареченото “промакедонско” или “филимакедонско” движење.  Ова движење се ангажира во полза на македонските работи, преку најразлични промакедонски манифестации во повеќе земји на Европа и Америка.

1 коментар:

Spartak рече...

# Четит празник Братче
(OGI SINKO1 Август, 2006 - 21:48 | избриши | одговори)
#

Честит Илинден!

http://www.pollitecon.com/html/macedonian_spark/ms_images/Aug_1953_Vol_7_No_8_Page_2.jpg

Ilinden vo Sidney
MAKEDONSKA ISKRA Aug_1953
"...
Sled tova beha ispeni nekolko Makedonski pesni ot nashite novi doshli Makedontsi i Bulgari, i posle prodalgihme s orata chak do kasno vecherta.
..."
(naskonn2 Август, 2006 - 12:53 | избриши | одговори)
#

Илинден за Бугарите е ЦрниДЕН и немаат они што да го слават.

Инаку ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН ДРАГИ МАКЕДОНЦИ КАДЕ И ДА СТЕ !!!
(e-man2 Август, 2006 - 16:27 | избриши | одговори)
# Честит илинден на сите Македонци и на сите граѓани на Македонија.
(Spartak2 Август, 2006 - 19:43 | избриши | одговори)
# Името с което въстанието е останало в историята е ИЛИНДЕНСКО - ПРЕОБРАЖЕНСКО... и само едно уточнение - във въстанието са участвали в по - голямата си част българи, а че илинденското въстание е черна дата - това е вярно - това е била една лудост, но е факт че се е вдигнало въстанието, въпреки че не са били подготвени революционните окръзи.Факт е че въстанието е било смазано и за съжаление не е постигнало целите си, а именно автономия на тракия и македония, но все пак трябва да се поклоним пред паметта на загиналите!
(gelkov4 Август, 2006 - 14:10 | избриши | одговори)