Да не ве држам во неизвесност. Кога го видов човечето како се качува на бината и место Трендо ја подига наградата, косата ми се подигна од вчудоневиденост, знаејки го Трендовото мислењето за чоечево со крувчиња. Следниот ден веднаш е-маил до Трендо за пресвртот во неговото мислење за гатачов и со прашање дали прешол во политичари? Одговорот беше дека го боли нос за наградата на бубамара и случајно налетал на доленаведениот гатач и во моментот му паднала на памет заебанцијата да дојде до замена. Го прашал човечето и тој веднаш и со голема среќа на лицето прифатил тоа да го стори. Не е битно за што е поводот, битно е да се појави на ТВ. Ако се сеќавате и Тони Михајловски беше изненаден од тоа дека друг Сашо се појавува на бина. Излезе Сашо бајачот со целосно исфрлање на мостовите што ги има во уста, во вид на насмевка и ја прими бубамарата. Си замина сиот среќен како да се работеше за оскар за животно дело.
1 коментар:
# кој је пак овој, X Faktor!?
(s2xii19 Февруари, 2006 - 14:19 | избриши | одговори)
# Во сабота и во недела има своја емисија на Скај Нет. Се вика Сашо и изиграва бајач. Типот нема врска, меѓутоа има многу прост народ. Плаќаат по 45ден+18%ДДВ по минута за да им ја предскаже иднината. Просек едно тресење глупости му трае околу 10мин. За тоа дека има клиентела му честитам, а за тоа дека е преварант, и тоа е точно бидејки имав прилика да го запознам пред да стане бајач. А и немора да го знаеш, само натерај се да го слушаш 10 минути и после пробај да објасниш некому што типов кажа.
(Spartak20 Февруари, 2006 - 10:17 | избриши | измени | одговори)
Објави коментар