сабота, 23 јуни 2007 г.

Рилскиот конгрес

МРО

Со цел да се надмине исклучиво сложената положба во која се нашла МРО по Илинденското востание, особено со цел да се надминат проблемите и несогласувањата на внатрешноорганизационен план, во октомври 1905 год. започнал со работа Општиот конгрес на Организацијата познат како Рилски. На него биле разгледани повеќе важни прашања од организациона и програмска определба. На дневниот ред на Рилскиот конгрес се нашле следниве прашања:
Минатата дејност и моменталните состојби во Организацијата по окрузи и околии;

-    Идната дејност на Организацијата;
-    Устројство и управување на Организацијата;
-    Литература и печат;
-    Односот и поведението на Организацијата спрема разните струења;
-    Тактиката на Организацијата;
-    Отчет за дејноста на Централниот комитет и
-    Задграничното претставништво.

Во работата на Конгресот учествувале 21 делегат, меѓу кои: Дамјан Груев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Борис Сарафов, Христо Чернопеев, Ѓорѓи Поп Христов, Мишо Развигоров, Борис Мончев, Аргир Манасиев, Добри Даскалов, Лазар Томов, Стоју Хаџиев, Иван Илиев, Илија Балтов, Лазар Маџаров, Стамо Икономов и др. За претседател на Конгресот бил избран Дамјан Груев, а за секретар Аргир Манасиев.

Уште на почетокот на Конгресот дошло до поларизацијата на ставовите по основното прашање за организационата поставеност на Организацијата. Помалубројната струја што ја предводел Дамјан Груев се залагала за обновување на централизираната организациона структура и авторитарен Централен Комитет. Втората, пак, мнозинска струја, во која се вбројуваат Јане Сандански, Пере Тошев, Ѓорче Петров, се застапувала задецентрализација и доследна примена на принципот на изборност. Во контекст на оваа полемика со свој став истапиле делегатите од Серскиот, Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ кои предложиле Конгресот да донесе решение за потполна автономност на револуционерните окрузи. Тие побарале и формирање на посебно претставничко централно тело на МРО - Централно биро.

По повеќедневна полемика, како компромис, Конгресот усвоил Програмска Декларација чии точки се вградиле во новиот Устав и Правилник на ВМОРО. По донесувањето на Уставот и Правилникот Конгресот избрал и Централен комитет во којшто влегле Дамјан Груев, Пере Тошев и Тодор Поп Антов. Со ова всушност било обновено организационото единство на Организацијата. Освен тоа, било избрано и ново Задграничното претставништво во чиј состав влегле Ѓорче Петров, Димитар Стефанов и Петар Поп Арсов. Истовремено, за редактор на весникот "Револуционерен лист" бил избран Димо Хаџи Димов. Судејќи според содржината на усвоените документи, како и според составот на раководните тела неспорно е дека Конгресот минал во целосна доминација и победа на реформско - демократските сили на Организацијата. За ова посебно бил заслужен Јане Сандански кој со својот авторитет придонел мнозинството делагати да застанат зад ставовите на реформско – демократската група.

Интересно е да се потенцира дека Конгресот донесол решение Организацијата повеќе да не се именува со Тајна, туку со Внатрешна Македонско Одринска Револуционерна Организација.

Делегатите на Рилскиот конгрес не го заобиколиле ниту прашањето за односот на ВМОРО кон врховистите. Конгресот испратил ултимативно соопштение до врховистите со кое се барало од нив да се самораспуштат и да ја прекинат својата дејност. Во соопштението, меѓу другото, се истакнувало дека Организацијата нема да трпи на територијата на Македонија никакви други групи.

Денеска читајки некои блогови налетав и на кибицерот кој е доста интересен за читање. А бидејки некои негови текстови во моментов се совпаѓаат со мојата моментална преокупација на блогерајов, издвоив еден негов текст.

1 коментар:

Spartak рече...

# или јас не гледам или немаш кај да ти пишам лична порака!
(Lavot19 Април, 2006 - 11:21 | избриши | одговори)
# А ти си врховист или што//// Јас сум вмровец.
(Mr.Lordi28 Април, 2006 - 10:05 | избриши | одговори)
# Што зборуваш човеку? И каков си ти ВМРОВЕЦ а имаш комунистичко име. Или толку ти сече?
(Spartak28 Април, 2006 - 12:01 | избриши | измени | одговори)