сабота, 23 јуни 2007

Македонците не може да чествуваат во Благоевград

Толку од добрососедските односи. После еден добар потег на бугарската влада, веднаш некој политички гаф.Се работи за следново.

ОМО „Илинден“, организацијата на Македонците во Бугарија, не доби дозвола да ја чествува 82. годишнина од масовните убиства на Македонците во Пиринска Македонија. Кметот на бугарскиот град Благоевград го одбил барањето на организацијата која денеска сакаше да одржи чествување на главниот градски плоштад.

Кирил Иванов, претставник на ОМО „Илинден“, вчера изјави дека таквата одлука е за секоја осуда.

- Ние сакавме само да одржиме мирно чествување преку симболична прошетка до споменикот на Гоце Делчев. Меѓутоа, и тоа не ни се дозволува. Дознаваме дека и реонскиот суд не ја прифатил нашата жалба - реагира тој.

Со чествувањето во Благоевград ОМО „Илинден“ сака да ја одбележи годишнината од погромот на Македонците во Бугарија кога во 1924 година беа убиени 168 видни интелектуалци од страна на бугарските сили и приврзаниците на Ванчо Михајлов.

Толку од бугарската убавина.

1 коментар:

Spartak рече...

# Еве еден фашизоиден потег на болгарчињата.
(Spartak12 Септември, 2006 - 23:30 | избриши | одговори)
# Навистина ме интересира зошто не дозволил градоначалникот чествување. Далеку се од европските стандарди со такво однесување. Неприфатливо во една држава која ќе стане член на ЕУ да не ги почитува малцинските права.
(струмикс12 Септември, 2006 - 23:40 | избриши | одговори)
# Така бугарите практикуваат демократија.
(Spartak13 Септември, 2006 - 00:52 | избриши | измени | одговори)