недела, 24 јуни 2007

Крушевски манифест

Браќа земљаци и мили комшии!

Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.

Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си ја кладофне главата в торба, за да заживејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои. Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имото, живото, верата и честа, ние сне зеле пушка. Ние не сне муртати на сфојата земја, шчо не родила, ние не сне арамии и јанкесеџии, а ревољуционери пот клетва да умриме за правото и за слободата; ние се бунтуваме протиф тиранијата и протиф ропството: ние се бориме и ќе се бориме протиф муртатите, протиф арамиите, протиф зулумќарите и јанкесеџите, протиф насилниците на нашата чес и на нашата вера и протиф тие шчо смучат нашата пот, и експлоатират нашио труд. От нас, и от нашите села да не се плашите - никому зијан не ќа сториме. Ние не само ве имаме како сфои браќа, туку и ве жаљаме како сфои браќа, бидејќи разбираме оти и вие сте робје како нас, робје на царо и на царските бегој, ефендии и паши, робје на богатите и на силните, робје на насилниците и на зулумќарите, шчо ја запалија царшчината од четирите страни и шчо не натераа нас да дигниме глава за право, за слобода и за чоечки живот. За право, за слобода и за чоечки живот ве каниме и вас да дојдите заедно да водиме борба! Елате, браќа мусљумани, при нас да тргниме протиф вашите и наши душмани! Елате под бајрако на “Афтономна Македонија”! Македонија јет заедничка наша мајка и викат за помош. Елате да скршиме синџирите на ропството, да се куртулиме от маки и страданија, и да пресушиме реките от крвој и солзи! Елате при нас, браќа да си слејме душите и срцата и да се спасиме, та ние и нашата чељат и пречељат да живејат мирно, да си работат спокојно и да напредуат!...

Мили наши комшии! Како Турци, Арнаути и мусљумани, разбираме, вие се си мислите, оти царстфото јет ваше и оти вие не сте робје, шчом на царскио бајрак немат крст, а имат ѕвезда и месечина. Оти не јет така и оти грешите, вие брго ќе се сетите и ќа го разберите. Ама ако ви јет намуз да дојдите при нас и да се објавите протиф царската тиранија, ние, вашите по таткојна и по страданија браќа, немат да се докачиме и не ќа ве мразиме. Ние сами ќа се бориме и за нас и за вас, ако јет потребно, до еден ќа умриме пот бајрако за нашата и ваша слобода и за нашето и ваше право. “Слобода или смрт” јет писано на нашите чела и на нашио крваф бајрак. Ние веќе го дигнафне тој бајрак и немат враќање. Ако и вие н# имате како ваши браќа и ни сакате доброто, ако есапите пак да живејте со нас, како шчо сте живејале до сега и ако сте верни и достојни синој на мајка Македонија, можите да ни поможите само со едно нешчо - а тоа јет голема помшт. да не се заортачите со душманите, да не дојдите со пушка протиф нас и да не прајте зулуми по рисјанските села!

Нека Господ Бог да благослојт светата борба за правото и слободата!

Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!

Ура! За “Афтономна Македонија”!

1 коментар:

Spartak рече...

#

Нека сет живи борците за слободата и сите чесни и добри македонски синој!

Ура! За “Афтономна Македонија”!

Не бугарски и не за Бугарија.
(Spartak23 Септември, 2006 - 00:40 | избриши | одговори)
#

Спартак,
дискутабилна е автентичноста на документот. Оригиналот не постои и постоењето на таков документ насловен како Манифест на Крушевската Република не постои во мемоарите на ниту еден илинденец.

Конкретниов документ за прв пат се јавува како апендикс во драмата на Мајски насловена како „Илинден“, а датирана во 1924/25 година. Дискутабилно е дали Мајски навистина направил препис на еден документ со таков наслов или можеби самиот го напишал документот за потребите на својата драма.

Меѓу нас историчарите се водат сериозни дискусии за неговата автентичност. Блаже Ристовски, Михајло Миновски и др. историчари ја негираат неговата автентичност.
(кибицер23 Септември, 2006 - 00:48 | избриши | одговори)
#

Историски факт е дека Никола Киров - Мајски го напишал текстот на Манифестот на Крушевската Република во литературно дело дваесет години подоцна по сеќавање...
Мајски уште неколку пати подоцна изјавувал и запишал дека имало таков манифест и тој го возобновил по сеќавање, бидејќи и тогаш, во 1903 во Крушево, го пишувал или учествувал во неговото пишување.
Има индикации дека го има во Цариградските архиви или и на некое друго место...
И за "Црешовото топче" се негираше дека постои..
но од Воената академија го пронајдоа во Цариград..
Затоа не смееме да бидеме категорични дека немало Крушевски манифест, кога се знае дека имало некакво обраќање, едно или повеќе, сеедно...
(anaveno23 Септември, 2006 - 01:47 | избриши | одговори)
#

Полемиката и понатаму продолжува Smiling Фактите се малку контрадикторни. Не верувам во Историскиот архив на Р.Турција да се најде ваков документ. Од проста причина што целата документација на Крушевската република пред осмалискиот напад била закопана во коријата (под дрвото кое сонцето прво го осветлува на изгрејсонце) Подоцна архивата е најдена, откопана и однесена во Софија. Во неа го нема посочениот документ.

И веќе кога го спомнуваш „Црешовото топче“ можеш да се кладиш дека не се работи за оригинал. Јас го видов на изложбата и тешко може да се даде суд за неговата автентичност, датирање... Ванче Стојчев е ептен несигурен тип.
(кибицер23 Септември, 2006 - 14:36 | избриши | одговори)
#

незнам кој е сигурен..
во целата несигурност..
зошто турците чувале црешово топче,ако е "несигурно"?..
и од каде е тоа топче?..
од Африка?..
и ако го немало во БГ тоа манифестот..
зошто БГ историчари го споменуваат ?..
и кој го спомна Ванче Стојчев?..
и според кој(чиj) критериум е несигурен?..
и дали и Професор д-р Новица Велјановски..
и други се "несигурни"?..
и дали се веродостојни оние "историчари" кои дозволија коските на Никола Карев да бидат расфрлани како најобично ѓубре..
кои ги убиваа Илинденците како кучиња..
и не само нив..
па пишуваа истории..
како им текне..
или како им наредат од север..
и целата историја да ни ја претворат во ѓубре..
(anaveno23 Септември, 2006 - 16:10 | избриши | одговори)
# Македонците разбират след 1878г че могат да се освободат само като македонци и застъпват тезата Македония! Ма това Георги Раковски го е казал още 1865 година като водач на българската легия в кралство Сърбия!
(пацо5 Октомври, 2006 - 11:13 | избриши | одговори)
# Браво Spartak, бугариве нека читаат и плачат! Прашај ги сега каде бил ТИТО во 1903? Дали уште тогаш он ја создал Македоската свест или можеби он го напишал Крушевскиот Манифест? Бугаро-татариве имаат одговор за се, само ќе требаат по ова прашање да се консултираат Владата во Бугарија, па ќе ни ко кажат нивниот став. Слобода или смрт, браќа Македонци!
(Аминта12 Октомври, 2006 - 13:48 | избриши | одговори)
# Това ли е документ бе, Крушевския манифест, ха ха ха ха Некой си го написал след 20 години по памет в роман!! Я ми покажете оригинални документи от въстанието.. или вие там не знаете какво е оригинален документ ;-)
(Баш Негатор12 Октомври, 2006 - 14:47 | избриши | одговори)