сабота, 2 февруари 2008

ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ

Многумина веќе го знаете објавеното интервју на Никола Карев дадено во Битола на грчки новинар за грчкиот весник “Акрополис“ и објавено на 08 Мај 1903г.. Ова интервју е така-речи многу битен документ бидејки е дадено од член на највисокото раководство на ВМРО пред Илинденското востание. Ова интервју е најдено во книга издадена во Грција со наслов “Та тетрадја ту Илинден“ од Георгос Пецивас што представува еден вид независно издание.
На интернет постојат пишувани блогови во врска со овоа интервју и го има на Англиски и на Македонски јазик но јас ќе ви ги постирам само преводот на Македонски, и на Грчки бидејки самото интервју е дадено за грчки медиум и е напишано на Грчки јазик. Тоа уствари се скенирани страници од гореспоменатата книга.











2 коментари:

Анонимен рече...

Може ли да дадеш мало појаснување за сликите кои си ги постирал?

Н.Н.

Spartak рече...

Мислам дека во постот има доволно текст но да пробам да ти дообјаснам.
Значи, ова е објавено интервју на Никола Карев во грчкиот весник Акрополис на 8.Мај 1903г..
На сликите ја има насловната страна од Книгата каде е пронајдено интервјуто и самото интервју напишано на грчки. Ова интервју го има проучено, преведено на Македонски јазик и објавено наш Историчар од ’Институтот за Национална Историја’во 2000г.Во книгата не пишува со кого е направено ова интервју. Насловено е како ’Итервју со член на комитетот’ (стр.553 док. бр.21). После тоа гореспоменатиот историчар извршил проучување на тоа интервју и со врзување со некои претходни сознанија докажал дека се работи за интервју направено со Никола Карев.
Книгата не ја поседувам, страниците од книгата ми ги скенираше синот на Историчарот кој ми е искрен и добар пријател.