вторник, 22 јануари 2008

МЕШАЊЕТО НА ГРЧКАТА ЦРКВА ВО СПОРОТ СО ИМЕТО НА НАШАТА ДРЖАВА

После постот УЛОГАТА НА ГРЧКАТА ЦРКВА ВО СПОРОТ СО ИМЕТО НА НАШАТА ДРЖАВА каде се запознавме со некои моменти на делување на грчката црква, сега ќе ви прикажам и две писма кои ги испратил Архиепископот Атински и цела Грција Христодулос. Едното е ’До лидерите на ЕУ и христијанските цркви за проблемот на името на ФИРОМ ’од 17.11.2004 а другото до ’г-дин. Кофи Анан Генарален секратар на ООН ’ 16.08.2005г.
_______________________________________________________________________________________
ЦРКВА НА ГРЦИЈА



До лидерите на ЕУ и христијанските цркви за проблемот на името на ФИРОМ

17.11.2004



Дозволете ми да ви обрнам внимание за една тема која има големо значење за мојата татковина и за грцизмот каде и да се наоѓа тој, туку и за стабилноста и мирот на многу саканиот простор во југоисточна Европа: името на држава Скопје. Проблемот со името на ФИРОМ се врати во актуелноста по последната одлука на владата на САД со која ја призна државата со уставното име ‘Република Македонија’.

Употребата на името Македонија е од страна на Скопје е нешто повеќе од една едноставана и културна диференцијација. И тоа затоа што во нашата област границите на културниот, политичкиот и проширувачкиот дух е слаб. Од друга страна културниот облик на македонското прашање е единствената причина за подигнување на желби, бидејќи позади неа е гнездото за просторните вредности, кога тоа го дозволуваат условите.

Затегнатостите и проблемите како на мене лично, така и на сите Грци, во било кој дел од земјата да се наоѓаат, кога станува збор за употребата на името Македонија од страна на Скопје кои се должат на традиционалната наша несигурност поради одземањето од нашите соседи на името Македонија, дел на грчка Македонија и во двете светски војни како и во понатамошните напади од Голимите Сили на просторот, кои имаат оставено силни остатоци на сомневање,

… Што се однесува на ФИРОМ големите идеи се појави на две полиња: словенскиот и албанскиот, затоа се смета дека може да избувнат судири. Ви обрнувам внимание дека населението на оваа земја не е хомоген, главен е словенскиот елемент со големо албанско национално малцинство и повеќе други национални групи. Албанците имаат силно национално чуство и тврдат дека потекнуваат од древните Илири. Врз основа на ова, наместо словенското мнозинство да работи на едно обединувачко чуство кое ќе го прегрне цело ова повеќенационално население во земјата, тоа (словенско ммнозинство) пристапи на изработка на една ‘македонска национална свест’ која ги одалечува уште повеќе елементите кои ја составуваат државата. Настојувањето за прифаќањето на името Македонија не како географски туку со национална смисла, го отежнува веќе јакото чуство на оутѓеност меѓу повеќенационалните групи во внатрешноста на оваа земја и предизвикува неослободувачки дух кој ја држат голема напнатоста во поширокиот простор.

Затоа како Грци сметаме дека признавањето на соседната на Грција држава ФИРОМ си националното име Македонија несамо не му е во корист на ниту една балканска држава штом го покачува термометарот на напнатоста во регионот…

Мојата држава со длабоко чуство и сознание за потребата да се основа клима на стабилност и мир во поширокиот простор на југоисточно Европа ја прифати ФИРОМ од првиот момент на нејзиното создавање, ја подржуваше и ја подржува нејзината територјална целост на оваа кревка држава затоа од друга страна ги охрабри секој вид на односи со неа така да денес економската соработка меѓу двете држави се смета од самото Скопје за многу важна. Сепак овие инзворедни односи го засенува немањето волја на културното и политчко славогено раководство кое не придонесува за пронаоѓањето на едно заедничко прифатливо име. Моето интересирање за проблемите како и на сите други Грци, што се однесува на името Мкаедонија не се базираат на чуствителни и неосновани стравови туку на вистинити докази. Ако случајно дојде до монопол на името Македонија од страна на Скопје ше предидизвика огромна збрка во Грција и во странство за грците од Македонија - кои се во многу поголем број од Славомакедонците, кои го употребуваат како гогравски поим. Како Грците од Македонија, така и воопшто грцизмот, цврсто веруваме дека името Македонија преставува главен елемент на нашето културно наследство и составен дел на нашиот национален идентитет. Ова наше убедување не е без основа, напротив, хомогеноста и заедничкиот јазик на населението во Македонија (з.н. грчка Македонија) со останатите Грци се потврдува со кристален начин на сочуваните многу бројни класични грчки и римски писатели, особено од Херодот, археолошките остатоци од Вергина и на други простори во грчка Македонија кои ги потврдуваат на нјоригинален начин за грчките корени во Македонија. Прифаќањето на името Македонија во новосоздадената држава ФИРОМ не само што не ја потврдува секоја историска вистина, туку ја поткрепува расправата на ‘македонизирање’ од историските ревизионисти на Скопје кои извршуваат наредби на некои центри кои се наоѓаат надвор од ФИРОМ, со цел да вршат политички услуги со одредена цел на делот на Југославија која пред војната беше позната како Јужна Србија или Вардарска Македонија. Соработувајќи на овој носнован потфат, освен другото, се дават погрешни препораки за квалитетото и видот на светот кои го градат новите генерации. …………..



Христодулос
Архиепископ на Атина и цела Грција
_____________________________________________________________________________________
СВЕТИОТ СИНОД НА ГРЧКАТА ЦРКВА

Протокол бр. 3600/1899 16 август 2005



г-дин. Кофи Анан

Генарален секратар на ООН

ООН

Унитед Натионс Плазза,

Нењ Ѕорк, Нењ Ѕорк.

У.С.А.



Драг г-дин. Генерален Секретар

Со голема тага и изненаденост разбравме за одлуката на Основниот Сод во Битола, ФИРОМ, да го затвори неговата Еминенција Охридскиот Архиепископ Иоанис, канонски преставник на српската Православна Патријаршија во ФИРОМ, според обвинението “потикнување на етничка, верска и расна омраза, неразбирање и нетолеранција”. Ова секако не е точно, затоа што Архепископот Иоанис не неправи ништо повеќе од тоа што остана верен на договорот потпишан во мај 2002 год. од други преставници на т.н. МПЦ, кои што под притисок на Владата се откажаа и не ги признаваа своите потписи - со кои требаше да се обноват канонските врски меѓу црквата во ФИРОМ, со неговата мајка црква, Српската Патријаршија.

Останувајќи верен на една од канонските обврски ид а биде во унија со единствената канонска Мајка Црква, обврска дека секоја скрупулозност на православието се зема многу сериозно, во никој случај може да се прикаже како “потикнување на етничка, верска и расна омраза, неразбирање и нетолеранција”. Да се биде неправно обвинет и затворен за останување верен кон единствената канонска оврска може само да се карактиризира како насислство на човечките права и религиозните слободи. Спротивно од тоа, на Архиепископот Иоанис треба да му се честита за неговиот труд да го зачува канонскиот ред и и да се откаже од шизмата која постои во Црквата скоро четриесет години - шизмата со која што сите Православни цркви ја препознаваат неканонската ситуација во која се најде Православната црква во ФИРОМ, како дел од етничка мотивација. Ние, според тоа Ви се јавивме на Вас и на ООН да го употребите вашето влијание и да интервенирате кај властите во ФИРОМ за да Архиепископот Иоанис биде ослободен од затвор и да му се гарантира слобода што е можно поскоро. Само на овој начин оваа неправда може да се исправи и да престане мешањето на државата во религиозните работи.

Ние ја поднесуваме оваа молба до Вас ив ашето чуство за правда и имаме верба дека ќе го разберете нашиот протест и ќе интервенирате за да Архиепископот Иоанис биде ослободен од затвор. Во овој поглед религиозната слобода и човековите права ќе бидат повторно воспоставени во ФИРОМ. Ова не само што ќе донесе правда туку и ќе и помогне на оваа земја да култивира позитивно светско мислење што ја засега религиозната слобода и човековите права, како и за подршка на нејзините заложби за влез во ЕУ.

Како заклучок, ние однапред Ви благодариме и имаме верба дека Вие ќе помогнете да се прекине со насилството врз човековите права и религиозните слободи и ќе ја повикаме господовата сила за Вас за да ги извршите вашите одговорни должности и остануваме,



Со чуства на длабока почит и голем поздрав

ХРИСТОДУЛОС

АРХИЕПИСКОП АТИНСКИ И ЦЕЛА ГРЦИЈА

Нема коментари: