среда, 16 јануари 2008

ПОА & Вранишковски



Деновивме слушнавме извесни обвинувања за сексуални односи во манастир на ПОА. Искушеникот Николај обвинува: Вранишковски ме избрка од ПОА, бидејќи му кажував дека неговите монаси во прилепското село Лагово имаат сексуални односи со девојки, што според православните закони, е забрането.

Тој тврди дека иако заедно со соседите во Лагово подолго време на Вранишковски му укажувале дека монахот Мојсеј носи девојка во манастирот, тој не презел ништо, а за тоа знаел и неговиот духовен отец, епископот Давид.

Цела сторија ќе ја видите на А1.

Да се запознаеме со биографијата на Зоран Вранишковски онака како он се представува, за да видите како он се гледа себеси и случувањата со него.


Б И О Г Р А Ф И Ј А
НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МИТРОПОЛИТ СКОПСКИ
Г.Г. ЈОВАН VI

Роден е во Битола на 28.02.1966г. и крстен како православен христијанин со име Зоран. Основно образование и математичка гимназија завршил во родниот град со одличен успех. За време на школувањето повеќе пати бил наградуван во областа на науката и спортот. После отслужувањето на воениот рок во Сараево (1985г.), започнал да студира на Градежниот факултет во Скопје. Факултетот го завршил предвреме и уште истата (1990г.) се запишал на Богословскиот факултет во Белград, а во Митрополијата во Битола се вработил како градежен инжинер. Во соработка со Матичната и универзитетска бибилиотека од Битола, ја формирал Митрополиската библиотека, во која бил и прв библиотекар. За време од две и пол годишното работење во Митрополијата држел циклус на предавања во просториите на библиотеката. Во 1993г. заминал да ги интензивира теолошките студии во Белград кои и ги завршил во јуни 1995г. Истата 1995г. се запишал на магистерски студии во Белград на отсекот за Систематско богословие (Догматика). При крајот на 1995г. заминал во Грција (Солун) да го изучува грчкиот јазик и да запише постдипломски студии. Работи на докторска дисертација со тема: „Единството на Црквата и современите еклисиолошки проблеми”.

Монашкиот чин го примил на 07 Февруари 1998 година, добивајќи го името Јован, и истиот ден бил ракоположен во ѓаконски чин. На 08 Февруари 1998г. бидува ракоположен во иеромонашки чин, а на 19 Јули 1998 во епископски чин со титула Епископ дремвитски. Поставен е за викар на Преспанско-пелагонијската Епархија, каде покрај редовните богослужби, држи и циклуси на богословски трибини и започнува темелна реконструкција на Соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј” во Битола. Во март 2000г. поставен е за местобљустител на брегалничката Митрополија, а во ноември 2000г. е избран за Митрополит велески и повардарски. Интронизиран е на тронот на оваа Епархија на 04 Декември 2000г. На повикот на Патријархот Српски г.г. Павле за литургијско и канонско единство со Пеќката Патријаршија, заедно со целиот клир и побожниот народ од неговата Митрополија е единствениот Митрополит од расколничката Македонска Православна Црква кој одговори позитивно. Литургијското и канонско единство на велеската и повардарска Света Митрополија, која во тоа време е под негово епископство, со пеќката Патријаршија е постигнато на 22 јуни 2002г. Неколку дена после тоа, со примена на брутална сила од страна на полицијата во Р. Македонија, целосно бесправно, без судски налог, е избркан од седиштето на Митрополијата заедно со монаштвото, кое живееше со него. На 23 септември 2002г. од страна на Соборот на Српската Православна Црква поставен е за Егзарх на сите територии на Православната Охридска Архиепископија. Многупати бидува затворан од страна на Власта во Р. Македонија, којашто во времето на комунизмот во суштина и ја направи схизмата на Црквата, организирајќи го и поддржувајќи го пучот на прогласување неканонска автокефалија на Македонската Православна Црква. После конституирањето на Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија, на 25 декември 2003г., избран е за негов Претстоител. Заради исповедање на верата православна, во 2004 година е осуден на една година затворска казна, условно, за кривично дело „самовластие”, затоа што влезе во храм за да крсти малолетно девојче. Во 2005 година со правосилна пресуда од Апелациониот суд во Битола, осуден е на осумнаесет месеци затворска казна за кривично дело „распалување на национална и верска омраза, раздор и нетрпеливост”.

Бил учесник на многу меѓународни симпосиони и предавач на многу семинари.

На 24 мај, денот на Светите браќа Методиј и Кирил, потврден е од страна на Неговата Светост, Архиепископот Пеќки, Митрополит Белградско-Карловачки и Патријарх Српски г.г. Павле, а согласно Спогодбата од Ниш, за Архиепископ охридски и Митрополит скопски. Истиот ден објавен е Патријаршискиот и Соборски Томос за автономија на Православната Охридска Архиепископија, чиј Претстоител на Светиот Архијерејски Синод е тој.

Нема коментари: